Кардиолозите објаснуваат: Дали црвеното вино е навистина добро за вас?

После напорниот ден, секогаш ни е убаво да опуштиме со една чаша црвено вино, но дали сте се запрашале колку овој пијалак е добар за вашето здравје?

kadiolozite-objasnuvaat-dali-crvenoto-vinoto-e-navistina-dobro-za-vas-1

На сите ни е познато дека постои граница помеѓу уживањето во една чаша вино и последицата од претераното негово консумирање, кое доведува до алкохолизам. Па ќе се запрашаме, каде е тука границата и каде се повлекува линијата? После првата, втората или третата чаша?

Сите одговори пронајдете ги тука:

1. Во повеќето истражувања под еден пијалак се подразбира 14g етанол или 18ml чист алкохол. Тоа е еднакво на 150ml вино.

2. Благото до умерено консумирање на виното се дефинира како 1 чаша од овој пијалак за жените и 2 чаши за мажите. Умереното консумирање се поврзува со ниска стапка на морталитет, срцеви заболувања, мозочни удари и слично.

3. Истражувањата покажале дека 7 пијалаци неделно кај жените и 14 кај мажите довеле до ниска стапка на смртност дури и до 30%. Станува збор за 1, односно 2 чаши вино на ден.

4. Истражувањата исто така покажале дека 1 чаша вино на дневна база допринесува за подобро здравје кај жените. Црвеното вино исто така има дејство на антиоксиданс, а помага и во намалување на воспаленија.

5. Консумирањето на овој алкохол секако не се однесува за сите. Слушајте го своето тело и доколку алкохолот лошо влијае на вас, преминете на здравата храна и вежбањето.  

Би можело да ве интересира:

4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg