Висок претставник на УЕФА гостин на ФФМ. Европскиот Супер куп главна тема на работната посета

Теодор Теодоридис, висок претставник на Уефа и одговорен на одделот за соработка со националните сојузи денеска има работна посета на Фудбалската федерација на Македонија и Владата на нашата земја.

visok-pretstavnik-na-uefa-gostin-na-ffm-evropskiot-super-kup-glavna-tema-na-rabotnata-poseta-01.JPG

На средбата со Претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, високиот претставник на Уефа детално ќе биде запознаен со кандидатурата поднесена од нашата „Куќа на фудбалот“, градот Скопје и Националната арена „Филип Втори“ да бидат организатори на европскиот Супер куп на Уефа во 2017. година.

- Според бројките не сме голема федерација, но ние сме земја која се стреми кон големи работи и има неверојатна страст за фудбалот. Одушевени сме од патот по кој се движи УЕФА бидејќи во сите одлуки се чувствува љубовта кон фудбалот и почитта кон сите нации, независно од нивната големина или финансиски удел. Нашата кандидатура за организација на европскиот Супер куп е фантастична прилика малите земји да доживеат голем спортски настан. Во разговор со г-нот Теодоридис потврдивме дека ќе ги искористиме сите свои адути за да покажеме дека Македонија и нашиот главен град во секој поглед ќе бидат подготвени за големиот настан. Се надеваме на поддршка на Уефа, градот Скопје и институциите кои би биле вклучени во остварување на големата цел за организација на европскиот Супер куп. Многупати во изминатиот период делегациите на Уефа во своите заклучоци изразуваа пофалби за се она што ФФМ, заедно со Владата го работеше во насока на унапредување на нашиот спорт, уверен сум дека во тој правец и ќе продолжиме, изјави Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Влијателниот претставник на Уефа попладнево во Владата на Република Македонија ќе оствари средба и со Премиерот Никола Груевски. Одлуката за градот домаќин на европскиот Супер Куп 2016 година, Европската фудбалска асоцијација ќе ја донесе кон крајот на месецот на состанок на Извршенот комитет, до крајот на јуни ќе биде познато дали Скопје ќе ја добие довербата на Уефа за организација на настанот во 2017 година.

Би можело да ве интересира:

Кои се симптомите на конго-кримската хеморагична треска и во кои држави, покрај Македонија, е присут... Периодов во Македонија се забележани три случаи на конго-кримска хеморагична тре...
Која е главната причина за повеќето емоционални проблеми во животот? Причината за повеќето психолошки и емоционални проблеми е траума. Заглавеност во...
Вие прашувате, психолог одговара: „Добивам панични напади во гужва и затворен простор – супермаркети... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/ терапевт. На пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg