Вие прашувате, психолог одговара: „Добивам панични напади во гужва и затворен простор – супермаркети, молови, лифтови“

На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/ терапевт.

Прашањата за психолозите може да ни ги испраќате на нашиот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. – истите треба да бидат концизни и со кирилична поддршка. 

vie-prashuvate-psiholog-odgovara-dobivam-panichni-napadi-vo-guzhva-i-zatvoren-prostor-supermarketi-trgovski-centri-liftovi-kako-da-gi-pobedam-01.jpg

Прашање од читател:

„Добивам панични напади во гужви и затворен простор - супермаркет, концерти, лифт – како најлесно да се справам со истите? Престанувам да излегувам од страв дека ќе ми се случи нешто, најчесто дека ќе изгубам свест“.

Одговор од психолог, Катерина Крстевска Ристески:

Статистички најефикасен метод за третман на паничните напади е психотерапијата. Метод кој се има покажано како доста ефективен во третманот на панични напади е когнитивно бихевиоралната терапија.

Подолу се наброени неколку техники кои би можеле да се обидете да ги користите сами.

1. Фокусирање на дишењето:

1 чекор: Вдишете колку што можете полека, длабоко и нежно, низ носот.

2 чекор: Издишете полека, длабоко и нежно низ устата.

3 чекор: Некои луѓе сметаат дека е корисно да бројат од 1 до 5 на секое вдишување и секое издишување.

4 чекор: Затворете ги очите и фокусирајте се на вашето дишење.

2. Техниката 333

Кога ќе почувствувате дека е возможно да имате паничен напад погледнете околу себе и идентификувајте 3 предмети и 3 звуци.

Потоа, изберете 3 делови од вашето тело, насочете го вашето внимание кон нив и придвижете ги.

Многумина ја сметаат оваа стратегија за ефикасна во фокусирање и преземање контрола врз ситуацијата, особено кога анксиозноста изгледа преголема. Ова е обична и неформална техника за управување со анксиозност.

(1) Запомнете дека иако вашите чувства и симптоми можат да ви изгледаат застрашувачки, тие не се опасни и штетни за вас.

(2) Бидете свесни дека тоа што го доживувате е на некој начин прекумерно или зголемено доживување на ваши нормални реакции на стрес.

(3) Не обидувајте се да се борите со своите чувства и не обидувајте се да ги потиснете.

Стравот кој се јавува во вакви ситуации најчесто исчезнува сам од себе кога ќе се почувствувате дека ја имате контролата врз тоа што ви се случува и имате стратегија да се справите со паничните напади.

Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Катерина Крстевска Ристески, дипл. психолог ТУКА.

Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: приватна архива /depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Другарите на син ми го навредуваат и повредуваат, не сака да оди ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg