Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата)

Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат имунитетот и притоа ќе им се допаднат на вашите деца.

decata-kje-gi-obozhavaat-a-mozhete-da-gi-napravite-doma-100-prirodni-i-vkusni-lizhavchinja-za-podobar-imunitet-01.jpg

Сезоната на настинки е веќе тука, а болното грло е честа појава, особено кај децата. Но, повеќето мајки знаат колку е тешко да се убеди детето кога треба да испие некој лек.

Секогаш е подобро да се спречат настинките, а за тоа е потребен посилен имунитет. За таа цел, можете да ги пробате овие лижавчиња од мед и сируп од бозел кои можат да го смират и воспаленото грло.

Секако, овие лижавчиња никако не треба да се користат како замена за терапија препишана од лекар. Исто така, препорачливо е да се консултирате со лекар пред да им ги дадете на вашите деца.

03_copy.jpg

Потребни состојки:

  • 120g органски сируп од бозел
  • 85g мед
  • стапчиња за лижавчиња
  • модли за лижавчиња
  • кујнски термометар

Начин на подготовка:

  • На тивок оган измешајте го органскиот сируп од бозел заедно со медот.
  • Непрекинато мешајте ја смесата додека медот не се стопи и состојките не се соединат.
  • Потоа покачете ја температурата и постојано мешајте додека не достигне температура од 150°C (проверувајте со кујнскиот термометар). Ова би траело околу 30 минути.
  • Оставете го така малку да поврие, па откако ќе видите дека смесата се крева повеќе од тенџерето, тргнете го од оган и оставете го неколку минути малку да се олади.
  • Потоа истурете ја смесата во модлите и ставете стапчиња за лижавчиња.
  • Оставете ги така да се оладат и да се стврднат во рок од неколку часа или ако е потребно преку ноќ.
  • Откако ќе се стврднат, извадете ги од калапите и чувајте ги во добро затворен сад на собна температура.

05.jpg

Забелешка: Бидете внимателни кога работите со топлата смеса и строго користете модли кои се наменети за храна.

Исто така, имајте на ум дека овие лижавчиња не се препорачливи за деца под 1 година!

Немојте да ги користите овие лижавчиња како замена за терапија препишана од лекар. Ако вие или вашето дете имате сериозни симптоми, немојте да се лекувате „на своја рака“.

Исто така, не треба да консумирате повеќе од едно лижавче дневно.

04.jpg

Здравствени придобивки од бозел и мед

Бозелот уште одамна се користи за медицински цели и познат е дека нуди многу здравствени придобивки. Тој е богат со антиоксиданти што го поддржуваат имунолошкиот систем.

Се користи за ублажување на симптомите на настинка и грип, а исто така ги олеснува и дигестивните проблеми, како констипација и надуеност.

Што се однесува до медот, познато е дека тој е еден од подобрите природни антибиотици. Секако, внимавајте да купите мед од проверени производители, затоа што така ќе имате најголема корист.

За медот е познато дека ги смирува болките во грлото и кашлицата, а одличен е и за зајакнување на имунитетот, бидејќи има антибактериски и антивирусни својства.

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg