За да бидете поздрави, јадете ги овие намирници за појадок

Сите добро ги знаат предностите на редовниот појадок - ја намалува телесната тежина, го подобрува помнењето, па дури и нè прави посреќни.

za-da-bidete-pozdravi-jadete-gi-ovie-namirnici-za-pojadok-01.jpg

Но, сите овие предности зависат од тоа кои намирници ги внесуваме рано наутро.

Ова се најпрепорачливите:


Јајца

Едно големо јајце содржи околу 70 калории и 6 грама протеини, па затоа пред да ја фрлите жолчката размислете колку од хранливите материи се наоѓаат токму во неа.


Леб, мусли или овесна каша од цели зрна

Утрото е најдобро за намалување на високиот притисок и холестеролот во крвта, а во тоа помагаат житарките. Нивните влакна ќе ве одржат сити во текот на денот и ќе ви ја дадат потребната енергија. Секогаш барајте мусли со барем 5 грама влакна во нив и комбинирајте ги со нискомасно млеко.


Путер од кикирики

2 лажици од овој путер содржат 8 грам протеини, што е околу 20% од дневната потреба на телото. Ако во секој оброк внесете барем по 1 грам протеини, успешно ќе го намалите нивото на шеќер во крвта.


Овошје

Шумско овошје, банани или диња - бирајте. Не постои нездраво овошје, но шумските плодови се одлични антиоксиданси, додека портокалите се полни со витамин Ц и калиум. Затоа, паметно комбинирајте!


Јогурт

Чаша јогурт содржи протеини исто колку и една голема шницла месо. Секогаш бирајте цврст јогурт кој има двојно повеќе протеини од обичниот, а нема шеќери и засладувачи за разлика од овошните варијанти.


Кафе

За кафето постојат разно разни критики, но многу од медицинските истражувања ја вратија добрата репутација на овој ароматичен пијалак. Освен ако не пиете повеќе од 4 шолји кафе во денот, ништо лошо нема да ви се случи.

Храна која треба да ја избегнувате за појадок: Сланина, кобасици, компир, топено сирење, бисквити со сос, енергетски плочки.

Би можело да ве интересира:

Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg