Кинеска мапа на лицето - како да проверите дали е се во ред со вашето здравје?

„Mien Shiang” или кинеска мапа на лицето, во буквален превод значи читање од лицето. Традиционалната кинеска медицина цврсто верува дека токму нашето лице зборува многу повеќе отколку што си мислиме.

kineska-mapa-liceto-otkriva-so-sto-se-bori-teloto-1

Кога нашата кожа започнува да прикажува симптоми, тоа е показател дека нешто друго не е во ред со нашиот организам.

Лекувајте ги болестите кои ви ги покажува токму лицето:

1. Чело: Мочен меур и тенко црево

Причина: Премногу масна и преработена храна доведува до бавна работа на системот за варење на храната. Претераната консумација на алкохолот, премногу шеќер и доцно легнување, исто така може да доведе до промени на кожата на челото.

Лек: Чиста вода за пиење, сирова храна, многу одмор и спиење е тоа што ќе ви помогне да се излекувате.


2. Помеѓу веѓите: Црн дроб

Причина: Прекумерната работа на дигестивниот систем и недоволно одмор, предизвикува болести на црниот дроб.

Лек: Се препорачува здрава, свежа храна, прошетки на свеж воздух и вежби за смирување.


3. Нос: Срце

Причина: Гасовите, надуеноста и слабата циркулација и високиот крвен притисок може да ви донесе проблеми со ова подрачје од лицето.

Лек: Измерете си го крвниот притисок за да бидете сигурни дека е во ред. Органскиот зелен чај ќе ви помогне да ги исфрлите токсините, како и секојдневното умерено вежбање.

kineska-mapa-liceto-otkriva-so-sto-se-bori-teloto-2


4. Горниот дел од образите: Бели дробови

Причина: Астма, пушење цигари, загаденоста на возедухот...сето тоа ќе влијае врз ова подрачје од лицето. Тоа е и местото каде што настануваат подочниците.

Лек: Држете се подалеку од загаден воздух, смог, дим и отидете еден викенд на планина. Физичката активност на чист воздух е нешто што мора да го практикувате.


5. Уста и брада: Желудник

Причина: Храната богата со масти, шеќер и стимуланси како што се кофеинот и алкохолот. Ова подрачје на лицето најмногу е погодено после сезонската исхрана.

Лек: Направете му детоксикација на организмот и јадете многу зеленчук и пијте доволно вода.


6. Вилици и врат: Хормони

Причина: Тоа може да значи дека телото ви се бори со бактерии, стрес, промени во исхрана и слично.

Лек: Омега 3-6-9 таблети ќе ви помогнат да ги балансирате хормоните, но морате повеќе време да поминувате на свеж воздух.


7. Уши: Бубрези

Причина: Премногу сол, зачин, недоволно вода. Понекогаш премногу кофеин може да се одрази лошо врз ова подрачје.

Лек: Намалете го внесувањето на солта, зачините и кофеинот, а консумирајте повеќе вода. 

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg