Kако да се подготвите за сезоната на пролетни алергии?

Пролетта дојде и со себе  донесе сонце и цвеќиња. Има ли поубава глетка од расцветано дрво? За жал, многумина таа глетка не ги асоцира на будење на природата туку ги потсетува дека е време да се снабдат со залиха хартиени марамчиња зошто сезоната на пролетните алергии е веќе зад аголот.

kako-da-se-podgotvite-za-sezonata-na-proletni-alergii-01.jpg

Ако се чувствувате победено од самата помисла на пролетната алергија, расположете се бидејќи следат неколку практични совети како да се подготвите за претстојната битка со Мајката Природа.

Ем практично ем модерно

Купете еден пар големи наочари и задолжително носете ги кога сте излезени, тие ефективно ќе спречат поленот директно да влегува во вашите очи и да ги иритира.


Менувајте ја облеката често и туширајте се

Веднаш штом ќе се вратите дома од некаде, задолжително истуширајте се и облечете чисти алишта. На овој начин ќе се ослободите од несаканиот полен кој се закачил за вас додека сте биле излезени.


Избегнувајте да излегувате надвор во определени периоди од денот

Најголема концентрација на полен има рано наутро и доцна навечер. Ако сте во можност организирајте си го денот така да не мора да бидете надвор кога поленот е најприсутен.


Лекови

Антихистамините се одлични за намалување на симптомите на алергиите, но исто така се и многу непрактични бидејќи можат да предизвикаат поспаност.

Исто така, бидете внимателни со назалните спрејови бидејќи тие може да предизвикаат зависност. Не заборавајте дека единствено лековите препишани од доктор се оние кои треба да ги земате. Ништо не почнувајте на своја рака.


Превоз

Ако одите на работа пешки или пак хоби ви е секојдневното возење велосипед, за жал ќе мора да се помирите дека тие активности ќе бидат ставени на пауза се додека не помине сезоната на полен.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Зошто растат влакна на бенките и дали е опасно да ги отстраните? Како на другите делови од телото, влакната се нормална појава и на бенките. Тие ...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg