Што научив откако престанав да консумирам шеќер и алкохол?

Дали понекогаш сте посакале да престанете да внесувате шеќери? Сакате да го откажете алкохолот, но не сте сигурни дали би издржале? Јас се откажав и од двете.

signs-man-needs-alcohol-rehab.jpg

Нема да ве лажам, нема да би биде лесно! Откако почна постот, престанав да консумирам и шеќер и алкохол и можам да кажам дека за овие скоро четириесет дена животот ми се измени, и тоа на многу подобро.

На почетокот имаше моменти кога мислев дека нема да можам да издржам до крај, но мило ми е што не потклекнав.

Еве што научив откако решив повеќе да не консумирам шеќер и алкохол:

Ме шокираше сознанието што шеќерот се наоѓа во многу продукти, дури и таму каде не му е местото, како на пример во мајонезот. На почетокот морав детално да ги читам етикетите на купечката храна, за да се осигурам дека не содржи шеќер.

Дел од пријателите позитивно реагираа но дел беа навистина сурови со нивните шеги. Очигледно живееме во општество каде од машкото се очекува задолжително да пие. Кога бев излезен секогаш имав покрај себе чаша вода за да ги избегнам прашања од типот „зошто не пиеш?“

Кога колегите и познаниците ќе дознаеја дека повеќе не внесувам шеќер и алкохол, буквално полициски ме распрашуваа зошто сум ги исфрлил токму тие продукти. Не им беше јасно како некој може да не пие. Многумина мислеа дека ова го правам за да ослабам. Иако тоа не ми беше целта, навистина ослабев, и тоа многу!

Но не само тоа, буквално преку ноќ почнав да се чувствувам многу подобро. Ме изненади тоа што можев многу подолго да вежбам без да се заморувам. Звучи чудно но забележав дека здравите навики повлекуваат со себе и други здрави навики - почнав да обрнувам многу повеќе внимание што јадам, колку јадам и колку вежбам.

Откако престанав да пијам, многу непријатно се изненадив кога видов колку пари досега месечно сум „фрлал“ на алкохол и благо. Морам да кажам дека сумата воопшто не е занемарлива.

Се уверив дека нема ништо срамно во тоа да излезем навечер на пијачка и притоа да порачам минерална вода или кафе. За жал, во исто време ми стана јасно колку можат да бидат досадни излегувањата кога си единствениот од друштвото кој не пие. Понекогаш, кога друштвото договараше целовечерна пијанка, останував дома и си гледав филмови. Имаше моменти кога се чувствував како чудак бидејќи не сакав да пијам. Среќа што имав познаници кои исто не пијат, па повремено излегував со нив.

Спиењето многу ми се подобри. Не спиев подолго од порано, но се будев многу посвеж и поодморен. Дури и самиот чин на отворањето на очите ми беше полесен. И да ви кажам, нема поубаво чувство од тоа кога во недела наутро ќе се разбудите без мамурлак и максимално ќе го искористите денот.

Во целата оваа авантура најтешко ми падна тоа што повеќе не можев да барам утеха во чоколадото или во чашата алкохол. Порано, кога и да имав лош ден на работа, кога ќе се вратев дома ќе „смачкав“ неколку реда чоколадо. Љубовните разочарувања ги „лечев“ со многу алкохол.

Откако повеќе тие не беа опција, немав избор и морав да се соочам со сите непријатни емоции кои ги носат проблемите но знаете што - посреќен сум сега зошто повеќе не бегам од директното соочување со проблемите.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg