Научете да ги препознавате: Знаци кои упатуваат на мозочен удар

Мозочниот удар означува престанување на функционирањето на одредени групи мозочни келии, а настанува како резултат на недостаток од кислород или хранливи материи.

naucete-da-gi-prepoznavate-znaci-koi-upatuvaat-na-mozocen-udar-

Симптомите понекогаш можат да бидат тешко забележливи, па затоа морате да обрнете внимание на следниве работи.

Главни симптоми:

- Лицето, рацете или нозете започнуваат да трнат, особено на едната страна од телото.

- Збунетост, проблеми со говор и разбирање.

- Ненадеен проблем со видот на едното или двете очи.

- Ненадеен проблем со одењето, главоболка, губење на рамнотежа или координација.

- Главоболка без причина.


Помалку чести симптоми:

- Мачнина и повраќање.

- Кратко губење на свест, несвестица или конфузија.

- Нагло започнување со икање.

- Ненадејна болка на лицето.

- Брзо дишење и болки во градите.

naucete-da-gi-prepoznavate-znaci-koi-upatuvaat-na-mozocen-udar-2

Лесни тестови за проценка на симптомите:

1. Побарајте од личноста да се насмее. Дали едната страна од лицето и понатаму и е спуштена?

2. Побарајте од личноста да ги крене рацете. Дали едната рака паѓа?

3. Побарајте од личноста да каже проста реченица. Обрнете внимание на начинот на кој ја кажува реченицата, доколку е неразбирлив тогаш треба да посетите доктор. 

Би можело да ве интересира:

Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
10-те најчести причини за главоболка Стресот и анксиозноста, но и проблемите со синусите се дел од најчестите причини...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg