6 Докази дека сте многу поздрави отколку што си мислите

Не вежбате редовно, сакате брза храна и не медитирате воопшто? Опуштете се, веројатноста да сте сепак многу здрави е поголема отколку што си мислите...

6-dokazi-deka-ste-mnogu-pozdravi-otkolku-sto-si-mislite-1

Освен начинот на живот, секојдневните навики и храната, постојат и други работи кои влијаат врз нашето здравје:

1. Зборувате два јазика

Ако покрај македонскиот зборувате и уште некој јазик, помала е веројатноста да се разболите од деменција од луѓето кои зборуваат исклучиво само мајчин јазик.


2. Знаете дека црвеното вино е здраво, но сепак пиете шампањ

И тоа е добра одлука, бидејќи шампањот има помалку калории и е здрав за срцето. Две чаши шампањ дневно можат значително да го подобрат помнењето.


3. Вашата баба е сѐ уште жива и нема никакви здравствени проблеми

Генетиката е чудо, па затоа одличен знак е фактот што имате баба во години која нема здравствен проблем. Разни истражувања покажале дека генетиката влијае од 20% до 30% врз долговечноста, а останатите 70%-80% се во ваши раце.

4. Имате секс два пати неделно

Не само што на тој начин го подобрувате имунитетот, туку и истражувања покажале дека исто така влијае врз памтењето.


5. Колегите ве сакаат и почитуваат

Секако дека важно е каква работа имате, колкава плата земате, но ако не се чувствувате убаво и пријатно на работното место време е за промена. Луѓето кои имаат поддршка од своите колеги живеат подолго.


6. Не вежбате, но редовно ги чистите забите

Никако не ја занемарувајте хигиената во устата. Многу научници тврдат дека срцевиот удар има токму врска со бактериите кои настануваат во устата. 

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Испукани агли на устата (жвали) - зошто се појавуваат и како да ги излечите? Доколку не ги лекувате испуканите агли на устата, инфекцијата може да се прошири...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg