Природна маска: Праската го затегнува лицето

Слатко, сочно, вкусно и лековито овошје се токму праските, кои содржат околу 90% вода и минимум калории.

prirodni-maski-praskata-go-zategnuva-liceto-1

Праските се богати со витамини и минерали, а освен што се лековити, тие се добри во борбата со разни воспаленија на кожата како што се акни, мозолки и митесери.

Доколку имате проблеми со нервоза, депресија и стрес исто така се препорачува да консумирате од ова сезонско овошје. Праските ја хидрираат кожата на лицето и ја спречуваат појавата на брчки, затоа се препорачува да правите маска од праски. 

prirodni-maski-praskata-go-zategnuva-liceto-2

Маската од праски можете да ја направите на следниов начин:

1. Излупете ја праската и со внатрешната страна од кората нежно масирајте го лицето и вратот неколку минути. Потоа, лицето измијте го со млака вода.

2. Исто така маската можете да ја комбинирате со лимонов сок. Измешајте во блендер праска со лимонов сок и нешто натапкајте го лицето. Држете ја 20 минути, потоа измијте ја со вода.

На тој начин ќе го подобрите квалитетот на кожата, ќе ги ублажите неправилностите и ќе ги затворите проширените пори. 

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg