Витаминот кој и е потребен на секоја жена, а сигурно не го знаете

Сакате помалку брчки и здрави заби? Сега и тоа е возможно само со помош на витаминот К2 кој секоја дама треба почесто да го внесува.

vitaminot-koj-i-e-potreben-na-sekoja-zena-a-sigurno-ne-go-znaete-19.jpg

Дознајте се што ве интересира за витаминот кој е неопходен за целокупното ваше здравје.

Зошто витаминот К2 е важен?

Овој витамин претставува превенција против се, од појавата на првите брчки па се до ракот. Многу жени немаат потреба дополнително да земаат калциум, но витаминот К2 го одржува нивото на калциум во границите на нормала. Сите зборуваат за бенефитите од витаминот Д, но без витаминот К2 нашето тело нема никаква корист од витаминот Д.

Еве зошто е важно редовно да внесуваме К2:

Здравје на коските - калциумот игра изразено важна улога кога се во прашање коските, особено нивната густина.

Здравје на забите - кариесот, чувствителноста на забите и останатите проблеми со устата може да се намалат или сосем да се спречат со редовното внесување на витаминот К2 преку исхраната.

Кардиоваскуларен систем - создавањето на тромб во крвта е директна последица од недоволното внесување на овој витамин. Наслагите на калциум се тие кои всушност ги создаваат згрутчувањата на крвта и затоа е важно да внесуваме К2 за да го пренасочиме калциумот кон вените и артериите.

Брчки - кога ќе видите возрасна жена со совршен тен, знајте дека таа нема недостаток на овој витамин. Во исто време, знаците на стареење (брчки и опуштена кожа) се поврзани со здравјето на коските.

Здравје на вените - проширените вени спаѓаат во кардиоваскуларни болести, а калциумот кој не се наоѓа на местата каде треба да биде е главниот кривец за овие здравствени проблеми.


Каде се наоѓа витаминот К2?

Најдобриот извор на сите витамини, па така и на овој, е храната. За жал, намирниците кои се богати со овој витамин не се често дел од нашата трпеза. Затоа, потрудете се што почесто да ги внесувате следните продукти:

- Нато (ферментирана соја)

- Црн дроб од гуска

- Млечни продукти кои потекнуваат од животни кои се хранат исклучиво на пасишта

- Сирење, особено бри и гауда

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg