7 Причини зошто да го започнете денот со чаша цеден лимон

Доколку сакате да се чувствувате енергично и свежо наутро, се препорачува денот да го започнете со чаша цеден лимон.

7-pricini-zosto-denot-da-go-zapocnete-so-casa-ceden-limon-1

 Не само што ќе ви даде енергија и свежина, туку и ќе ги ги пружи овие 7 поволности кои добро ќе му дојдат на вашиот организам пред да започне новиот ден.

1. Ја спречува настинката

Лимонот спречува настинки и го зајакнува имунолошкиот систем, а доколку веќе имате настинка, ги ублажува симптомите.


2. Ја подобрува состојбата и изгледот на кожата

Витаминот Ц во лимонот помага при лачење на повеќе колаген кој е одговорен за регенерација и затегнување на кожата.


3. Го забрзува дигестивниот тракт

Бидејќи ги ослободува токсините од телото кои се собираат во текот на вечерта, со тоа го забрзува дигестивниот тракт и ја подобрува работата на цревата.


4. Ви дава енергија

Наместо кафето кое го консумирате наутро, консумирајте цеден лимон кој ќе ви даде двојно поголема енергија од него. Разликата ќе ја воочите уште првото утро после консумацијата.


5. Го заштитува вашиот црн дроб

Докажано е дека лимонот го заштитува црниот дроб со тоа што го ослободува од токсините и спречува негови инфекции.


6. Ви ја подобрува работата на мозокот

Освен витамин Ц, лимонот содржи голема количина на калиум кој ја подобрува работата на мозокот, во поглед на мисловен процес и логика, како и подобрено помнење.


7. Ви помага при непријатен мирис на здивот

Со тоа што ги убива бактериите од храната кои ви даваат лош здив, ова е уште една последна причина зошто денот треба да го започнете со чаша цеден лимон.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg