Зошто секое утро треба да ја зaгреете водата пред да ја испиете?

Обично пиеме студена вода, но тоа не е добра навика, тврдат сите стручњаци. Редовното консумирање на топла вода може да ни го подобри варењето и телото да го ослободи од токсините.

zosto-sekoe-utro-treba-da-ja-zgreete-vodata-pred-da-ja-ispiete-01.jpg

Лекарите препорачуваат да консумирате топла вода наутро. Оладената вода е лишена од многу минерали, заради што негативно влијае на организмот посебно ако се пие во текот на оброкот.

Кога зборуваме за топла вода, мислиме на вода на собна температура, која не е чувана во фрижидер.

Можеби прво нема да ви биде вкусна, но топлата вода ви носи многу здравствени придобивки:

1. Го подобрува варењето

Чаша топла вода наутро му помага на телото да се исчисти од токсините. Водата помага и да се разгради храната на правилен начин, а топлата вода го прави тоа двојно побрзо.


2. Ги ублажува болките

Топлата вода помага и кај менструалните болки. Топлината ги смирува болките во мускулите и ги олеснува грчевите.


3. Помага при слабеење

Топлата вода ја подигнува температурата на телото, што понатаму го забрзува метаболизмот и согорува повеќе калории.


4. Го забавува стареењето

Топлата вода со самото тоа што го чисти организмот, го одржува подолго млад. Тоа ги обновува клетките на кожата и ја зголемува нејзината еластичност.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
За првпат по 50 години ја има и во Италија – Како да се заштитите од колера? Се смета дека во модерните земји е целосно искоренета, но сепак по 50 години во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg