Моќта на позитивното размислување: Како да си помогнете без употреба на лекови?

Во едно истражување лекарите успешно отстраниле младеж од пациент со примена на боја кажувајќи му дека истиот ќе исчезне тогаш кога бојата ќе избледи. Плацебо ефектот бил успешен.

mokjta-na-pozitivnoto-razmisluvanje-kako-da-si-pomognete-bez-upotreba-na-lekovi-0001.jpg

„Главоболката секогаш ја лечам со еден парацетамол“ – ја започнува својата приказна Корнелија.

„Минатиот месец добив жестока главоболка и се припремив за таблета, но за миг слушнав ѕвонење. По телефонскиот повик  ја спуштив слушалката и заборавив на аналгетикот и си легнав. Како што беше вообичаено, главоболката по половина час исчезна онака како што исчезнува и кога ќе се напијам парацетамол или аспирин. Следното утро кога станав, забележав дека апчето јас воопшто не сум го испила, а чашата вода беше празна. Покрај телефонскиот разговор сум успеала да ја испијам чашата вода, а не и аналгетикот.“

Корнелија не е единствена. Голем број на луѓе го искусиле плацебо ефектот и имале подобрување на здравјето без употреба на лекарства.

Поимот плацебо во своите латински корени означува забуна, измама, лага, но неговите ефекти се многу реални и со позитивни исходи.

Науката професионално започнала да се занимава со и да го истражува плацебо ефектот по инспирација од приказната за американската медицинска сестра која за време на инвазијата на сојузничките сили во јужниот дел на Италија во Втората светска воја започнала да употребува добронамерни лаги на пациентите.

Медицинската сестра му помогнала на војникот Херни Бечер на тој начин што наместо да му ги третира раните со употреба на морфиум, таа му дала обичен раствор од вода и сол.

Чудесно, но лажната инјекција имала неверојатни ефекти. Таа успеала да го намами ранетиот и болката му се ублажила.

Ова се должи на моќта на позитивната сугестија. Во мозокот на луѓето кои веруваат дека добиваат некаков лек, без разлика дали тоа е точно или не, постојат биохемиски промени на лекување. Ако верувате дека го добивате лекот вашиот мозок започнува да лачи хормони кои даваат чувство на пријатност: ендорфин, ендоморфин и допамин.

Овој хемиски коктел ја ублажува болката, го поправа расположението, ја зголемува концентрацијата, го подигнува и засилува имунитетот, го враќа притисокот во нормална состојба, го подобрува и ослободува дишењето и го подобрува сонот.

Плацебо ефектот го активира природниот „систем на здравствена заштита“ кој го има самиот организам. Се покажало дека овој ефект е најуспешен во состојбите кои се под директна контрола на централниот нервен систем како и кај психолошките болести.

Така на пример, дури 50% од ефектот на лековите за депресија и аналгетиците се припишуваат на плацебо ефектот. Пациентите доживуваат еднакви ефекти без разлика на тоа дали го пиеле вистинското апче или лажното.

Во 11 истражувања дури 52% од заболените од колитис, болест на инфицирани црева, имале подобрување и без примена и употреба на лекарствата кои се наменети токму за оваа болест.

Позитивно влијание имаат лекарствата кои се во жолта или портокалова боја како за антидепресиви, црвена боја за средствата кои имаат симулативно дејство, а белите за лекување на желудочните проблеми.

Не е сеедно ни колку пати дневно го употребуваме лекот. Малите дози кои се пијат неколку пати дневно имаат подобро и поуспешно влијание од големите дози на поголеми разлики.

Влијание има и називот на ликот како и тоа кој е производител. Познатите брендови имаат поголема успешност од оние „анонимните“.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...
Испукани капилари на лицето: Сѐ што треба да знаете и како да ги третирате Испуканите капилари на лицето не се ретка појава, но бидејќи не изгледаат најдоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg