Храна која не треба да ја јадете ако не сакате пред време да остарете

Сузи Барел е австралиски нутриционист и основач на Shape Me објаснува дека начинот на исхрана значајно влијае на процесот на стареење. Дали ќе го забрзаме или ќе се одлучиме да го сопреме часовникот зависи од нас.

sostojki-i-tipovi-na-hrana-koi-go-zabrzuvaat-casovnikot-na-stareenje-01.jpg

„Општо правило е дека храната со висок гликемиски индекс го забавува метаболизмот и ги зголемува воспалителните процеси во телото. Овој тип на храна исто така ги задржува течностите во телото и го зголемува крвниот притисок“ – објаснува Барел.

Ова се три групи на храни кои го забрзуваат процесот на стареење:


1. Супи од кесичка

Преполовеното време за подготовка на овие супи значи и преполовување на нутритивните вредности и количината на витамини и минерали кои му се потребни на организмот.

Во себе содржи меѓу 800 и 1000 милиграми натриум, што е повеќе од потребните количини за дневно консумирање и предизвикува дуење на стомакот и задржување на течностите во организмот.

Други состојки кои имаат исто така високи количини на натриум се: маринадите, плескавиците со соја, замрзнатиот зеленчук и пилешките гради.

sostojki-i-tipovi-na-hrana-koi-go-zabrzuvaat-casovnikot-na-stareenje-1.jpg


2. Овошни сокови

Можеби на прв поглед ви се чини дека една чаша сок нема да му направи голема штета на вашиот организам, но таа чаша содржи повеќе шеќер одошто мислите.

Овошните сокови ја уништуваат забната глеѓ затоа што содржат повеќе од 6 лажички шеќер во само една чаша сок.

Покрај тоа што ги оштетува вашите заби тој влијае и на покачувањето на нивото на инсулин во крвта и дебелеењето.

sostojki-i-tipovi-na-hrana-koi-go-zabrzuvaat-casovnikot-na-stareenje-2.jpg


3. Пржена храна

Не е ништо ново, ниту помалку познато дека овој тип на храна содржи голема количина на калории и предизвикува дебелеење.

Овој тип на храна е преполн со соли и транс масти кои ги оштетуваат клетките на организмот.

sostojki-i-tipovi-na-hrana-koi-go-zabrzuvaat-casovnikot-na-stareenje-3.jpg

Покрај тоа што постои храна која пожелно е да ја избегнувате ако сакате да го намалите процесот на стареење, постојат и состојки кои ќе ви помогнат да го сопрете часовникот и ќе направат подолг период од животот да изгледате помлади.

Ова се најважните состојки кои ќе ви го овозможат овој ефект:

1. Овошје и зеленчук: Преполни се со антиоксиданси со кои се ослободувате од слободните радикали и штетните материи кои се насобираат во телото.

2. Црвено вино: Во него се наоѓа посебен антиоксиданс кој ги намалува шансите од добивање на рак.

3. Интегрални житарици: Интегралната храна е богата со влакна кои ја одржуваат цревната микрофлора и спречуваат наталожување на непотребните материи во цревата.

4. Масна риба: Лососот и туната се богати со омега-3 масни киселини кои го штитат вашето срце и ги намалуваат шансите за појава на Алцхајмерова болест.

5. Млеко: Ги штити коските и спречува појава на остеопороза.

6. Ореви: Ги намалуваат високите нивоа на холестерол во крвта и го намалуваат крвниот притисок.

sostojki-i-tipovi-na-hrana-koi-go-zabrzuvaat-casovnikot-na-stareenje-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg