10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа: Ќе се вратите без целулит и полни со витамин Д

Морскиот поглед и воздух е подеднакво добар како за телото, така и за умот. Токму затоа, ако ова лето одите на море, големи се шансите да се вратите ослабени, да изгубите целулит, да добиете огромен број позитивни идеи и да се наполните со витамин Д.

10-dena-na-more-pravat-cudo-za-vaseto-telo-i-dusa-ke-se-vratite-bez-celulit-i-polni-so-vitamin-d-01.jpg

Што точно ви носи летувањето на море?

Морската вода содржи важни елементи за живот

Натриум, магнезиум, калциум, калиум, силициум, па дури и сребро и злато се елементите кои можете да ги најдете во неа. Таа продира длабоко во кожата и со тоа го овозможува навлегувањето и делувањето на минералите длабоко во неа. Морето исто така содржи и алги кои одамна се сметаат за извор на здравје и убавина. Го поттикнуваат обновувањето на клетките, го подобруваат изгледот на кожата, го стимулираат метаболизмот, го зајакнуваат имунитетот, спречуваат воспаленија, ја чистат кожата и помагаат при отстранувањето на целулитот.


Морето позитивно делува на астмата и алергиите

Морската вода има антисептички и антихистамински дејства, заради што делува благотворно кај кожните алергиски реакции. Чистиот морски воздух е заситен со негативни јони, заради што се олеснува дишењето и поволно делува на луѓе кои боледуваат од астма.

10-dena-na-more-pravat-cudo-za-vaseto-telo-i-dusa-ke-se-vratite-bez-celulit-i-polni-so-vitamin-d-02.jpg

Со сончање му овозможувате на телото витамин Д

Сончањето не само што носи убав, златест тен, туку и не снабдува со витамин Д кој му е неопходен на телото. Овој витамин игра важна улога во спречување на многу болести, вклучувајќи ја склерозата и ракот. Но, за да го збогатите телото со витамин Д не треба да се сончате во најголемите жештини. За сончање одберете ги попладневните часови и задолжително користете заштитен фактор.


Одморот на море ослободува од стрес

Нема ништо поопуштачки од сонцето, лесното ветре и шумот на бранови, во комбинација со магнезиумот кој го има во изобилие во солената вода. Тој докажано се бори против стресот.


Морето е идеално за раздвижување на телото

Пливање, нуркање, сурфање, морски аеробик, одбојка на плажа... сите спортски активности и обликувањето на телото се попримамливи кога се на песок, покрај вода.

10-dena-na-more-pravat-cudo-za-vaseto-telo-i-dusa-ke-se-vratite-bez-celulit-i-polni-so-vitamin-d-05.jpg

Морскиот воздух е полн со негативни јони

Благодарение на длабокото вдишување на овие јони, телото се полни со животна енергија. Тие му помагаат на имунитетот да се зајакне, ја подобруваат концентрацијата, ја намалуваат несоницата, депресијата, главоболката и заморот.


Морската вода ги намалува болките во коските и артритисот

Благодарение на составот на самата вода, таа ја олеснува болката во грбот, ги намалува воспаленијата и ги опушта коските и мускулите. Заради тоа и се препорачува честото пливање за луѓе кои патат од болки и реуми.


Морската вода го чисти организмот

Бањањето во неа ги поттикнува функциите на органите кои ги филтрираат и излачуваат штетните токсини од телото, како што се црниот дроб, бубрезите и кожата. Наталожените штетни материи се движат кон површината, а солта го олеснува процесот на излачување.


Морето лечи кожни проблеми

Со околу 80-тина различни минерали, солената вода помага кај многубројни кожни проблеми – дерматитис, псоријаза и егземи.

10-dena-na-more-pravat-cudo-za-vaseto-telo-i-dusa-ke-se-vratite-bez-celulit-i-polni-so-vitamin-d-03.jpg

Ја поттикнува креативноста

Елементот на вода отсекогаш се поврзува со креативност и емоции. Баш затоа и одморот во близина на вода ги поттикнува емоциите, интуицијата, фантазијата и креативноста.


Ги одмора очите

Сината боја на морето ги одмора очите. Ако многу време минувате пред компјутер затоа што едноставно таква ви е работата, време да се почестите 10-тина дена на море.

Уште една одлична работа - одење боси по песок. Тука прочитајте зошто е добро секој ден да одите боси барем по 5 минути.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg