Масирајте една точка на увото за да се ослободите од бројни здравствени проблеми

Луѓето ширум светот константно се обидуваат да пронајдат природни алтернативи за да ги лекуваат заболувањата или да го одржуваат сопственото здравје. Некои не сакаат да се потпираат на модерната медицина која подразбира употреба на лекарства.

masirajte-edna-tocka-na-uvoto-za-da-se-oslobodite-od-zdravstvenite-problemi-01.jpg

Не сакаат да употребуваат лекарства, бидејќи многу почесто се случува да имаат повеќе контраефекти, одошто навистина да помагаат и да го лекуваат проблемот.

Токму затоа, многу луѓе се насочуваат кон употреба на хомеопатија и природни лекови кои го враќаат балансот во организмот.

Еден од најпопуларните методи е секако акупунктурата, посебно онаа на ушите.

Истата претставува едноставен природен начин како да си помогнете за лекување на голем број здравствени проблеми и како во голема мера да се ослободите од болките и непријатните чувства.

Овој третман е сличен на рефлексологијата, кој подразбира стимулирање на рефлексни точки за регулирање на неправилностите на делови од телото.

Акупунктурата на увото подразбира притискање на делови од увото со прстите или пак употреба на игли.

Точка која најмногу се употребува е точката позната како Шен Мен, што на кинески значи „небесна порта“. Оваа точка е лоцирана во горниот дел на увото и се употребува за ослободување од стресот, алергиите, главоболките, инфекциите, болките и уште многу други заболувања.

Оваа точка можете и самите да ја стимулирате како што е објаснето на видеото.

Третманот е неверојатно лесен и едноставен за практикување, а може да ви помогне при бројни здравствени проблеми.

Би можело да ве интересира:

Кои проблеми со здравјето предизвикуваат отекување на нозете и стапалата? Длабоката венска тромбоза, но и проблемите со срцето можат да предизвикаат отоци...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Аневризма на мозокот - како да ја препознаете и кои се последиците ако пукне? Премногу силна главоболка е првиот знак за аневрзима на мозокот. На пациент со п...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Вие прашувате, психолог одговара: „Другарите на син ми го навредуваат и повредуваат, не сака да оди ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кои се симптомите дека имате топлотен удар и како влијаaт високите температури врз човечкиот организ... Зголемен ризик од формирање на тромбови во крвните садови, ризик од срцев удар, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg