Брзи рецепти со јапонска лековита состојка стара 2000 години

Шитаке печурките уште пред 2000 години биле одгледувани во Источна Азија, поточно во Кина, Кореја и Јапонија, каде уште ги нарекувале и царски печурки.

2-brzi-recepti-so-japonska-lekovite-sostojka-stara-2000-godini-01.jpg

Тој прекар целосно им прилега, бидејќи се прилично лековити, а се лено достапни. Овие печурки се вторите најодгледувани печурки на планетата Земја. Нивната популарност не би требало да ве чуди, затоа што се богати со минерали, големи количини на витаминот Б, аминокиселини и влакна.

Во далечниот Исток владее мислење дека шитаке печурките го штитат целиот организам од болести, спречуваат органски пореметувања, ја спречуваат појавата на рак и го прочистуваат телото од штетните материи.

2-brzi-recepti-so-japonska-lekovite-sostojka-stara-2000-godini-2.jpg

Современите медицински испитувања покажуваат дека шитаке печурките имаат антиканцерогено дејство и благотворно делуваат по хемотерапијата и зрачењара.

Името на оваа печурка потекнува од јапонските зборови „shii“ кое е јапонското име на стеблото cuspidata Castanopsis, а „take“ значи печурка.

Овие печурки се употребуваат за подготовка на бројни рецепти и вкусни оброци.

Споделуваме два брзи рецепти со свежи шитаке печурки:

1. Шитаке со компир

Потребни состојки:

  • 2 главици виолетов кромид
  • 200g шитаке печурки
  • 4 компири
  • Чешне лук
  • Зачини: сол, вегета, црвен пипер, бибер

Подготовка:

Виолетовиот лук ситно исечкајте го и запржете го во маслиново масло. Додадете го компирот исечкан на коцки, залијте ги со вода и поклопете ги.

Динстајте ги 20 минути, а потоа додадете ги печурките и зачините и гответе уште 10 минути. Послужете ги со салата.

2-brzi-recepti-so-japonska-lekovite-sostojka-stara-2000-godini-3.jpg


Шитаке со јајца

Потребни состојки:

  • 100g шитаке печурки
  • 4 јајца
  • Чешне лук
  • Сол, бибер и сечкан магдонос по желба

Подготовка:

На загреана тава  ставете го лукот во маслиново масло и печурките. По 10-на минути пржење, додадете ги изматените јајца. Декорирајте ги со сечканиот магдонос.

2-brzi-recepti-so-japonska-lekovite-sostojka-stara-2000-godini-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат? Генетика, возраст, но и хормонални промени од разни нарушувања или фази од живот...
6 причини за утринска мачнина кои не се бременост Ниското ниво на шеќер во крвта, но и анксиозноста можат да предизвикаат утринска...
Вртоглавица: Што ја предизвикува и дали може да се спречи? Вртоглавицата не е болест, туку симптом кој може да биде предизвикан од низа про...
Влакненца на брадата кај жените: Зошто се појавуваат и како да ги отстраните? Хормонална промена, генетика, полицистични јајници, дијабетес се само дел од при...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg