Вртоглавица: Што ја предизвикува и дали може да се спречи?

Вртоглавицата не е болест, туку симптом кој може да биде предизвикан од низа проблеми со здравјето. Затоа, важно е да се консултирате со лекар ако често имате вртоглавици.

vrtoglavica-shto-ja-predizvikuva-i-dali-moze-da-se-sprechi-01.jpg

Вертиго или вртоглавица е еден од најчестите симптоми поради кои луѓето бараат помош од лекар. Вртоглавицата може да биде симптом за низа болести и состојби.

Најчесто се јавува кај луѓе кои имаат проблеми со внатрешното уво, мозокот или сензорните нервни патишта.

Ги погодува луѓето на сите возрасти, но најчесто постарите од 65 години.

Што е вертиго или вртоглавица?

Вртоглавицата е нарушување на ориентацијата во просторот, која се манифестира со силна илузија на движење во просторот.

Вртоглавицата не е болест, туку симптом (најчесто на хронични болести).

Многу состојби и болести може да предизвикаат вртоглавици и затоа ако често го имате овој проблем, најдобро е да се консултирате со лекар кој ќе може да ја утврди точната причина.

Некогаш вртоглавицата не е знак за сериозен проблем и доколку не е интензивна, трае неколку секунди и не се повтори, не би требало да бидете загрижени.

vrtoglavica-shto-ja-predizvikuva-i-dali-moze-da-se-sprechi-03.jpg

Кои се симптомите?

Покрај очигледната вртоглавица, оваа појава неретко е придружена и со други симптоми.

Дел од нив вклучуваат:

  • проблеми со рамнотежата;
  • мачнина и повраќање;
  • зуење во ушите;
  • чувство на затнати уши;
  • главоболка;
  • нистагмус, неконтролирањно движење на очите.

vrtoglavica-shto-ja-predizvikuva-i-dali-moze-da-se-sprechi-002.jpg

Колку долго трае?

Времетраењето на симптомот зависи од основната причина која ви предизвикува вртоглавици.

Вртоглавицата може да трае само неколку секунди, а во посериозни случаи може да ја чувствувате и неколку дена, па и недели.

vrtoglavica-shto-ja-predizvikuva-i-dali-moze-da-se-sprechi-004.jpg

Причинители

Многу состојби и болести може да доведат до вртоглавици, но најчесто тоа е нерамнотежа во внатрешното уво или проблеми со централниот нервен систем.

Некои од состојбите кои може да предизвикаат вртоглавици:

  • мигренозна главоболка;
  • повреди на главата;
  • операција на увото;
  • херпес зостер;
  • отосклероза (абнормален раст на коските со средното);
  • сифилис;
  • атаксија
  • мозочен удар;
  • болест на малиот мозок или мозочното стебло;
  • акустичен невром (бениген израсток кој се развива во близина на внатрешното уво);
  • мултипла склероза.

vrtoglavica-shto-ja-predizvikuva-i-dali-moze-da-se-sprechi-003.jpg

Дали вртоглавицата е наследна?

Самата вртоглавица не е нужно наследна. 

Таа може да биде симптом на разни наследни болести и синдроми.

vrtoglavica-shto-ja-predizvikuva-i-dali-moze-da-se-sprechi-005.jpg

Лекување

Некои типови на вртоглавица исчезнуваат сами од себе, но доколку станува збор за хронична болест, лекувањето ќе биде неопходно.

Самата терапија ќе зависи од причината за појава на вртоглавица.

Докторите најчесто препишуваат антибиотици за бактериска инфекција или антивирусни лекови за херпес зостер.

Постојат и лекови кои можат да ублажат одредени симптоми.

Дополнително, можете да ја ублажите вртоглавицата на следниве начини:

- лежете во тивка, затемнета соба;

- седнете веднаш штом ќе почувствувате вртоглавица;

- секогаш кога ќе сакате да станете, да гледате нагоре или да ја свртите главата, избегнувајте нагли движења;

- наместо да се наведнувате за да кренете нешто од земја, подобро клекнете;

- спијте со повисоко поставена глава (на две или повеќе перници).

Но, овие совети нема да го излечат причинителот, што значи мора да одите на лекар доколку вртоглавицата ви се повтори или трае подолго од неколку секунди.

vrtoglavica-shto-ja-predizvikuva-i-dali-moze-da-se-sprechi-006.jpg

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg