Совршени решенија за оние кои не можат да престанат да `рчат

Љубовта може да надмине сè, може да се соочи со најголемото зло и да го победи, да помести планини и океани. Не постои работа со која не може да се соочи љубовта, освен можеби една... `рчењето.

10-reshenija-za-onie-koi-ne-mozat-da-prestanat-da-rcat-02.jpg

За оние кои `рчат или спијат покрај некој кој понекогаш знае пресилно да рчи и да ви го наруши сонот, постојат неколку совети:

1. Спијте на страна

Кога спиете на грб, јазикот се релаксира и паѓа накај душникот, па го спречува нормалниот проток на воздух и може да предизвика `рчење. Затоа, секогаш можете да научите да спиете на страна, така ништо нема да го попречува воздухот да помине низ душникот и да навлезе во белите дробови.

2. Обидете се да намалите некој килограм

Ако имате прекумерна тежина постои поголема можност воздухот во белите дробови и вратот да поминува низ повеќе препреки отколку што треба, а посебно што прекумерната тежина исто така, може да предизвика апнеа – пауза на дишењето при спиење.

10-reshenija-za-onie-koi-ne-mozat-da-prestanat-da-rcat-1.jpg

3. Добро издувајте го носот пред да легнете

Дишењето преку уста често доведува до `рчење, па добра идеја е да научите да дишете преку носот. Како дополнување и сонот ќе ви се подобро ако научите да дишете преку нос.

4. Употребете направа за отворање на носните шуплини

Постои можност исто така, носните шуплини да не ви се целосно отворени, па тоа да доведува до рчење. Во аптеките можете да најдете посебна пластика која во текот на ноќта ќе ви ги држи носните шуплини отворени.

5. Ослободете се од ринитисот или било кој медицински проблем со дишните патишта

Хроничниот синуситис, ринитис и бронхитис исто така, можат да доведат до `рчење, па ако претходните решенија не ви помогнале, можеби е добро да проверите случајно да не имате некаква хронична болест на дишните патишта.

10-reshenija-za-onie-koi-ne-mozat-da-prestanat-da-rcat-2.jpg

6. Затнете ги ушите

Ако ништо друго не ви помага, постои опција затворањето на ушите со тампони, но ова не треба да го практикувате секој ден, бидејќи и ушите мораат да ви се одморат и релаксираат во текот на ноќта.

7. Природни лекови

Може да ви помогне и чајот од коприва. Сварете една шолја сушена коприва во две шолји вода и секоја вечер, пред спиење, пијте по една чаша.

10-reshenija-za-onie-koi-ne-mozat-da-prestanat-da-rcat-3.jpg

8. Добро исчистете го домот

`Рчењето може да биде предизвикано и од различни алергии, па важно е добро да ја исчистите спалната.

9. Внимавајте на исхраната

Избегнувајте тешки оброци и алкохол пред спиење, бидејќи и нездравата исхрана може да доведе до `рчење.

10-reshenija-za-onie-koi-ne-mozat-da-prestanat-da-rcat-4.jpg

10. Спијте во посебна соба со партнерот

Звучи екстремно, но може да помогне.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...
Зошто се појавуваат влакна на женските гради и дали е безбедно да ги отстраните? Многу жени и девојки имаат влакненца во пределот на градите, особено околу брада...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg