Алкални плодови кои спречуваат рак, инфаркт и дебелеење

Секојдневната исхрана вклучува многу брза, обработена и генетски модифицирана храна, што на нашиот организам му создава дополнителен напор таа храна да ја обработи.

Najdobrite-alkalni-sostojki-koi-sprecuvaat-rak-infarkt-i-debeleenje-01

Таквата храна е нутритивно сиромашна, но притоа соджи многубројни штетни состојки кои создаваат дисбаланс во pH вредноста на нашиот организам.

За човековиот организам идеална е алкалната средина, а за да ја постигнете треба да избегнувате храна која создава кисела средина и значително го ослабува нашиот имун систем. Наместо неа, препорачливи се алкалните плодови.

Ова се најдобрите алкални состојки кои можете да ги консумирате за да постигнете баланс:

1. Маслиново масло, диња, ленено семе, блитва, морков

Najdobrite-alkalni-sostojki-koi-sprecuvaat-rak-infarkt-i-debeleenje-02

  • Маслиновото масло е богато со витамин Е и монозаситени масни киселини.
  • Дињата е одлична алкална состојка со Ph вредност 8,5. Содржи 92% вода и е богата со влакна, па одлично го чисти дебелото црево.
  • Лененото семе е богато со влакна и витамин Е. Исто така ги намалува топлотните бранови при менопауза.
  • Блитвата ги спречува осштетувањата предизвикани од слободните радикали.
  • Морковот е богат со бета каротен и го подобрува видот.

2. Манго, кисела зелка, ананас, краставица, грејпфрут, магдонос

Najdobrite-alkalni-sostojki-koi-sprecuvaat-rak-infarkt-i-debeleenje-03

  • Мангото помага при чистењето на дебелото црево.
  • Киселата зелка е богата со пробиотски бактерии.
  • Ананасот е одличен за слабеење.
  • Краставицата содржи 90% вода, па идеално го хидрира телото.
  • Грејпфрутот е добар извор на повеќе витамини.
  • Магдоносот го прочистува дигестивниот тракт.

3. Киноа, бобинки, папаја, авокадо, прокељ

Najdobrite-alkalni-sostojki-koi-sprecuvaat-rak-infarkt-i-debeleenje-04

  • Киноата го регулира шеќерот во крвта.
  • Бобинките се одличен извор на антиоксиданси.
  • Папајата има лаксативно дејство и го чисти дебелото црево.
  • Мангото е богато со монозаситени масти кои го одржуваат здравјето на срцето.
  • Бананите се одлична суперхрана.
  • Прокељот може да го спречи настанувањето на канцерогени клетки.

4. Луцерка, лук, брокула, морски алги, грозје, спанаќ, лимон

Najdobrite-alkalni-sostojki-koi-sprecuvaat-rak-infarkt-i-debeleenje-05

  • Луцерката ги доведува хормоните во рамнотежа. Содржи бројни ензими и лесно се вари.
  • Лукот поседува многубројни лековити својства, меѓу кои е и регулацијата на крвниот притисок.
  • Брокулата сварена на пареа го намалува нивото на холестеролот.
  • Морските алги се богати со железо и го алкализираат организмот.
  • Грозјето е богато со антиоксиданси и витамини, а го намалува и крвниот притисок.
  • Спанаќот е зеленчук најбогат со витамини и минерали.
  • Лимонот е богат со витамин Ц, и одличен сојузник во борбата против грип и кашлицата.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg