Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


11 начини како да ја подобрите плодноста

Ова е аспект од здравјето кој го земаме здраво за готово: Треба само да имаме секс за да забремениме, зарем не?

10-nachini-kako-da-ja-podobrite-plodnosta-01

Во реалноста работите не се такви, дури и најмал стрес може да го исфрли вашето тело од колосек.

Ако се обидувате да зачнете бебе, овие едноставни правила ќе ја подобрат вашата плодност:

Размислете пред да пиете

Голем број истражувања зголемената консумација на алкохол ја поврзуваат со намалената способност за забременување. Алкохолот го менува нивото на естроген, иако пиењето чаша црвено вино од време навреме со вечерата не штети на плодноста.

Исто така треба да намалите на кофеин во периодот на зачнувањето бидејќи влијае на женските хормони и на времето потребно за забременување. Ако размислувате за бременост во никој случај не пијте повеќе од две кафиња на ден.

Внимавајте на тежината

Прекумерната тежина и маснотии може да доведат до прекумерно лачење на одредени хормони, кои ја прекинуваат овулацијата. Вашиот циклус може да биде редовен, но да овулирате поретко.

Од друга страна, па и премалку маснотии не се во ред бидејќи може да не продуцирате доволно хормони за да ја одржите бременоста кога веќе сте зачнале.

Лесни вежби во консултација со вашиот доктор ќе ви помогнат.

Внимавајте на пестицидите

Хемикалиите што се користат за убивање на инсектите ја намалуваат плодноста на мажите, а може да влијаат и кај жените со рушење на редовниот циклус.

Јадењето на зеленчук и овошје со пестициди го намалува квалитетот на сперматозоидите, покажа едно медицинско истражување.

Заштитете се од хемикалии на работното место

Индустриските хемикалии од работното место влијаат врз плодноста. Ако имате работно место од тој тип бидете навистина внимателни.

Исто така ротирањето со смени на работа влијае негативно. Едно истражување со 120.000 испитанички покажа дека тие што работата во ротирачки смени имаат за 80 проценти поголема можност за проблеми со плодноста, за разлика од оние кои имаат една стандардна смена.

Престанете со пушењето

Токсините од цигарите не само што може да наштетат на јајце клетките кај жените, туку предизвикуваат и стареење на јајчниците. Јајчниците на 35 годишна жена пушач функционираат како да и припаѓаат на 42 годишна жена непушач и затоа се помалку плодни.

Пушењето предизвикува трајна штета, но ако престанете со цигарите ќе повратите дел од функцијата на јајчниците.

Обрнете внимание на циклусот

Нормалниот менструален циклус трае од 21 до 35 дена (започнете да броите од првиот ден на вашиот период). Ако вашиот циклус е значително подолг, на пример 42 дена, значи овулирате поретко и треба да се консултирате со вашиот гинеколог. Водете си календарче за циклусот и имајте редовен секс кога сакате да забремените.

Плодни денови на жената вообичаено се денот на овулацијата и четири или пет дена пред тоа, не потоа, но не претпоставувајте дека автоматски овулирате на 14-тиот ден од циклусот. Истражувањата покажуваат дека овулацијата кај жените е драматично различна, па може да биде од 6-тиот, па дури до 21-виот ден од циклусот.

Загрејте ја акцијата во спалната соба

Не водете се само од вашата сексуална желба, правете го тоа почесто. Редовниот секс, барем еднаш во седмицата, влијае на редовноста на вашиот циклус и на нормалната овулација.

Една теорија вели дека вашиот сопруг испушта секс хормони кои влијаат на репродуктивниот систем. Исто така редовниот секс прави да продуцирате повеќе естроген. Водете љубов барем еднаш во неколку дена во периодот кога сакате да зачнете.

Внимавајте со лубрикантите

Некои секс лубриканти и отежнуваат на спремата да дојде до целта и да ја оплоди јајце клетка. Наместо тоа користете бебешки или минерални масла.

Средете ги инфекциите

Доколку чувствувате чуден мирис, чешање или други симптоми долу, веднаш посетете го вашиот доктор. Дури и најмала инфекција може да влијае на забременувањето или на бременоста потоа.

Заштитете се со таблета

Некои истражувања тврдат дека користењето на орална контрацепција во текот на животот го забавува стареењето на јајниците и репродуктивниот систем.

Откако ќе се откажете од антибеби пилулите вашиот организам за еден месец ќе се врати во нормалниот тек и ќе може да забремените. Сепак за ова консултирајте се со вашиот доктор.

Побарајте мир

Стресот влијае на зачнувањето. Американско истражување покажа дека кај паровите под стрес плодноста е намалена за дури 29 проценти. Стресот може да влијае на производството на хормони.

За да се справите со стресот користете техники за релаксација како јога или пак посетете некоја групна сесија, за да ги вратите хормоните во нормала.

Внимавајте на здравјето на партнерот.

Цигарите, алкохолот, диетите може да влијаат на способноста за зачнување на вашиот партнер. Затоа двајцата внесувајте доволно хранливи состојки и витамини секој ден.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg