Се дружите со токсични луѓе, ги потиснувате емоциите: Навики кои штетат на вашето ментално здравје

Навиките кои ни го влошуваат менталното здравје имаат негативен ефект на начинот на кој мислиме и на тоа како се чувствуваме.

se druzite so toksichni lugje gi potisnuvate emociite naviki koi shtetat na vasheto mentalno zdravje 01

Нашето расположение не зависи само од надворешните фактори врз кои не можеме да влијаеме.

Ако се прашувате зошто толку често се чувствувате вознемирени, иритирани, тажни, летаргични, тогаш изгледа имате нездрави навики кои влијаат на вашиот мозок.

Еве неколку секојдневни навики кои ве прават несреќни:

Лоши навики за спиење

Дури и ако спиете доволно, неопходно е да имате рутина која ја почитувате. Одењето во кревет рано ви дава повеќе среќа и енергија во животот. Една од причините е тоа што негативните мисли најчесто се јавуваат во текот на ноќта.

Па колку подоцна сте будни, толку повеќе се оптоварувате со негативни мисли и грижи. Исто така, ноќните птици имаат помалку време за социјализација и со текот на времето се чувствуваат изолирани и без енергија.

Не одвојувате време за релаксација

Многу од нас живеат под постојан стрес со низа мисли кои ни минуваат низ глава. Потоа следува анксиозноста и постојаната трка по нови стимули, не сфаќајќи дека тоа прави да се чувствуваме полошо.

Одвојувањето на време за релаксација во текот на денот значително ќе го подобри вашето расположение.

Недостиг на физичка активност

За да одржите здраво тело неопходна е физичка активност, но вежбањето носи многу придобивки и за умот.

Кога вежбате, крвта се забрзува и се зголемува лачењето на хормоните за среќа. Вашите мускули се чувствуваат и работат подобро.

Минувате многу време со токсични луѓе

Некои луѓе постојано прават да се чувствуваме лошо. Интеракцијата со нив не ни одговара затоа што ни го расипува расположението, не ги почитуваат нашите граници или не се радуваат искрено на нашите успеси.

Ако константно се обидувате да ги смените овие луѓе, само губите време и правите да се чувствувате мизерно.

Недостиг на лични цели

Однесувањето инспирирано од однапред поставени цели влијае на среќата. Ако не се туркате себеси кон постигнување на вашите цели, без разлика колку и да се мали, нема да се чувствувате исполнето.

Доста стагнирате во животот и се чувствувате депресивно, време е за акција.

Прекумерно користење на технологија

Многумина од нас уживаат во компјутерите, телефоните и социјалните мрежи и природно ни доаѓа желбата да се информираме што се случува во светот. Но колку и да се прекрасни овие алатки и ни го олеснуваат животот, тие се причина за неактивност.

Премногу го стимулираат мозокот, а мозокот не сака премногу стимулација затоа што на тој начин му е потешко да се релаксира.

Ги потиснувате емоциите

Нашите емоции често изгледаат премногу интензивни и премногу тешки за да се справиме, па затоа ги потиснуваме. Се тргаме од нив на различни нездрави начини.

Проблемот е што не ги процесираме емоциите и не се соочуваме со нашите реални проблеми. Не обрнуваме внимание да сфатиме што навистина нѐ прави несреќни.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg