8 одвратни работи што може да му се случат на вашето тело за време на бременоста

Од неконтролирано испуштање гасови до интензивни главоболки, бременоста може да ви донесе многу непријатни изненадувања.

8-odvratni-raboti-shto-moze-da-mu-se-sluchat-na-vasheto-telo-za-vreme-na-bremenosta-01.jpg

Дали луѓето ви велат дека во бременоста ќе блескате со некој посебен сјај, кој ќе доаѓа од новиот живот во вашиот стомак?

Верувајте, кај повеќето жени не е така! Ако сте искусиле бременост во вистинскиот живот знаете дека таа ни оддалеку не наликува на бременоста од Инстаграм „животот“.

Еве какви одвратни работи може да ви се случат за време на бременоста:

Најлошите и најболни акни кога било

Се сеќавате на акните од тинејџерскиот период? Акните во бременоста се како тинејџерски акни на стероиди.

По целиот врат, уши, брада, гради, грб и на различни места каде не сте ни знаеле дека акни може да се појават.

Проблеми со носот

Носот може да ви тече постојано и подобро е да инвестирате во хартиени марамчиња.

Најлошиот дел? Некои видови од храна што ги обожавате сега ќе ви мирисаат одвратно.

Вашето тело полудува

Вкочанетост, болки во грбот,неподносливи главоболки, отечени стапала се само дел од проблемите.

И устата ви полудува

Не ‘рчевте? Сега може ќе почнете да го правите и тоа.

Исто така, сè што ставате во уста има чуден вкус. Работи што ги мразевте, сега ќе ги сакате и обратно.

И мозокот ви полудува

Ќе почнете да плачете на реклами, да сакате да удрите луѓе во фаца, па дури може да почнете да заборавате важни работи. Роденденот на брат ви... Па кога беше тоа?

Се претворате во препотено, влакнесто суштество

Вашите хормони полудуваат, а вие се потите цело време. Ви растат влакна по целото тело, а пупките на градите ви стануваат огромни и темни.

Неконтролирано мокрење

Ќе мокрите секој пат кога станувате, седнувате, мрдате, отворате врата...

Одење по голема нужда? Тоа може да стане реткост  зависно од витамините и додатоците што ги земате поради бременоста.

Испуштање гасови

Никогаш не испуштавте гасови пред партнерот? Сега ситуацијата може да се промени.

Немате контрола врз тоа. На почетокот сте засрамени, но потоа одлучувате да се смеете на своја сметка.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg