Дали си ги „јадете“ чувствата? „Емоционално јадење“ - синдром кој полека нè уништува


Дали си ги „јадете“ чувствата? „Емоционално јадење“ - синдром кој полека нè уништува

Дали да си ги купам или да си ги изедам чувствата денес? Ви звучи познато?

Emocionalno-jadenje-sindrom-koj-poleka-ne-unistuva-01.jpg

Најчесто се одлучуваме за второто, иако двете се подеднакво погубни за паричникот, а емоционалното јадење и по здравјето.

Ви се случило да изедете огромна количина храна само затоа што сте бесни, тажни, депресивни или ви е здодевно?

Емоционалното јадење е всушност погрешен начин како да се справите со негативните емоции, односно одбранбен механизам со последици од најлошиот тип.

Додека јадете на неколку минути привидно успевате да ја зауздате тагата, стресот или бесот и да се смирите. Но, по некое време, емоциите повторно испливуваат на површина.

Вие сте двојно исфрустрирани. Не само што не сте успеале да се соочите со проблемот и да го решите, туку и сте се преполниле со непотребен број калории кои влијаат погубно врз вашето здравје, надворешниот изглед и самодовербата.

Емоционалното јадење е предизвикано од т.н. емоционален глад. Тоа произлегува од различни ситуации кои варираат, како конфликти, било семејни, колегијални или љубовни, потоа работа под притисок, стрес предизвикан од недостаток на финансии, здравствени проблеми итн..

Емоционалниот глад може да биде поттикнат и од здодевност, тага, замор или како последица на т.н. метеопатија, односно во директна поврзаност со временски услови.

Се тврди дека кога ви е здодевно добивате ненадеен апетит за солена храна, а пак тагата создава апетит за нешто слатко.

Емоционалното јадење оди рака под рака со синдромот на прејадување, проследен со чувство на вина поради огромните количини на храна кои ги „бутате“ во организмот несвесно, без размислување.

Емоционалното јадење е злобен, маѓепсан круг. Јадете со цел да задушите одредени чувства, а потоа настапува чувството на вина поради прејадувањето.

Ова ве поттикнува повторно да посегнете по храна. Ваквите циклуси доведуваат до нарушено здравје, неприродни осцилации во телесната тежина, намалена самодоверба и општо влошување на емоционалната и менталната состојба.

Доколку се пронајдовте во погоре опишаното, време е да се соочите со вистината – страдате од синдром на емоционално јадење. Неспособни да се соочите со предизвиците, стресните ситуации и чувствата, инстантно посегнувате по брза, штетна и нездрава храна со која (безуспешно) се обидувате да ги пополните емоционалните празнини.

Она што е особено интересно е што емоционалниот глас се создава инстантно. Физичкиот глас се напластува постепено, емоционалниот настапува во рок од неколку секунди, а бара одреден тип на храна – најчесто пица, сладолед, чоколадо, чипс, помфрит, вкусен сендвич.

Кога сте реално гладни, вистинскиот глас се препознава по кркорењето во стомакот и празнината во истиот. Немате енергија, ви се мати погледот, и не преферирате одреден тип на храна како кај емоционалниот глад. Би се задоволиле и со јаболко или морков.

Тоа се нарекува физички, односно реален глад. Емоционалниот пак се раѓа во умот. Замислувате начос со сос и мислата е толку импулсивна и силна, што не можете да се смирите додека не го изедете.

Како да се победи емоционалниот глад?

Обидете се да направите разлика помеѓу физичкиот и емоционалниот глад

Како што споменавме, лесно ќе препознаете кога сте навистина гладни, а кога со храната се обидувате да задушите одредени емоции.

Физичкиот глад се рака во стомакот, емоционалниот во умот.

Заменете ја брзата и штетна храна со здрави намирници

Имате полици преполни чипсови, грицки и чоколадо? Веднаш фрлете ги и опремете се со доволно овошје и зеленчук, здрави семиња и масла.

Не посегнувајте по чоколадо, туку по овошки. Водете се по ова едноставно правило.

Пронајдете активност која ќе го замени јадењето

Кога ќе ве нападне емоционалниот глад не предавајте ѝ се на првата препрека. Излезете и прошетајте. Направете неколку лесни вежби по дома. Пуштете музика и танцувајте.

Водете дневник и детално опишете ги емоциите кои ве совладале и како да ги победите истите без да се претворите во човечки контејнер за храна.

Истуширајте се, зачистете по дома, завршете некоја друга обврска која ја одложувате. Тргнете ги мислите од храната.

Мозокот е како мускул, колку повеќе го вежбате-толку посилен станува.

Справете се со стресот и спијте доволно

Доколку стресот е основната причина за емоционалните напади со глас, елиминирајте го.

Испробајте нови техники за дишење, обидете се да медитирате, дадете ѝ шанса на јогата или едноставно ослободувајте серотонин (хормонот на среќа) и вежбајте.

Недостатокот на сон исто така може да влијае лошо врз апетитот и навиките за јадење. Спијте доволно и јадете редовно, почесто, но во помали количини.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како ставив крај на токсичната врска со здравата исхрана? Замислете на момент дека сте срна. Шетате низ шума кога наеднаш се појавува чове...
9 работи кои не смее да ги правите на празен стомак Сите знаеме дека во текот на денот стомакот секогаш мора да ни е сит, меѓутоа са...
6 мали работи кои може да ги правите за поголема еко свест Решавањето на вака голем проблем започнува со мали чекори. Спасувањето на планет...