Кратки и брзи тестови за проверка на здравјето и држењето на телото

Секако дека кога мислите дека нешто не е во ред со вашето тело или здравје, најпаметно е да се консултирате со лекар.

kratki-i-brzi-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-i-drzhenjeto-na-teloto-01.jpg

Но, доколку се сомневате и не сакате да паничите, постојат неколку брзи тестови за проверка на некои делови од телото.

Корисно е да проверите како функционира вашето тело, а можете да го направите и во друштво со пријателите или семејството.

Брзи тестови за евалуација на здравјето:

Тест за видот

Тестот со Амслерова мрежа помага во идентификување на макуларна дегенерација, болест што се појавува после 50-тата година и напредува многу брзо, што може да доведе до ослепување.

Тестот се прави во просторија со добро светло. Поставете ја сликата на 30-40 cm оддалеченост од очите и не ја вртете главата.

Затворете го едното око со раката, а со другото продолжете да гледате во точката и бројте во себе до 10, повторете го истото со другото око.

  • Ако линиите се рамни, без изобличувања, солзи и сиви точки – сè е во ред со вашата ретина.
  • Ако во некој дел од сликата, линиите се извртени, посетете доктор.

brzi-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-i-teloto-02.jpg

Тест за издржливост

Тестот се спроведува со правење на неколку физички активности и проверки.

Пронајдете го пулсот на раката и бројте го бројот на отчукувања во минута. Направете 20 чучнувања. Повторно измерете го пулсот.

  • Ако бројот на отчукувања се зголеми за 25% - сè е во ред. Ако се зголеми за 25-50%-кардиоваскуларниот систем е ослабен.
  • Ако бројот се зголемил за повеќе од 50%, неопходна е консултација со доктор.

brzi-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-i-teloto-03.jpg

Качувајте се нормално, ниту бавно, ниту брзо, до 4-ти кат по скали. Измерете го пулсот.

  • Ако пулсот е околу 120 отчукувања во минута – сè е во ред.
  • Ако пулсот е многу повеќе од 120 и губите здив, проследено со болка во градите, посетете доктор за консултација.

brzi-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-i-teloto-04.jpg

Држење на телото

Станете и застанете како што чувствувате дека е најнормално во секојдневието и побарајте некој да ве погледне.

  • Ако грбот е свиткан под агол од 45⁰ или повеќе, а колковите се испакнати нанапред, ова е сериозно искривување и можеби имате кифоза.
  • Конкавноста на колковите исто така сигнализира неправилно стоење и во овој случај повторно треба да се консултирате со лекар.

brzi-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-i-teloto-05.jpg

Друг едноставен тест може да спроведете со маркери или пенкала. Земете по едно пенкало во двете дланки и спуштете ги рацете надоле покрај телото.

  • Ако пенкалата се паралелни едно на друго, вашето држење е во ред.
  • Ако пенкалата се свртени едно кон друго, тогаш сте искривени.

brzi-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-i-teloto-06.jpg

За третиот тест за проверка на ставот е исто така потребно некој да ве гледа. Застанете нормално и визуелно или со линијар, нацртајте линија од под увото до клучната коска на рамото.

  • Ако линијата е права, нема потреба за грижа, ако линија е крива, тоа е знак за лошо држење на телото.

brzi-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-i-teloto-07.jpg

Тест за респираторен систем

Со овој тест можете да ги проверите перформансите на респираторниот систем, снабдувањето на кислород во телото, како и да идентификувате проблеми со циркулацијата на крв.

Седнете и неколку пати длабоко вдишете и издишете. Потоа повторно вдишете и задржете го здивот, а со раката затворете го носот.

Со штоперица мерете го времето колку ќе издржите.

Кај здравите личности, резултатот не треба да биде помал од 40 секунди кај мажите и од 30 секунди кај жените.

brzi-testovi-za-proverka-na-zdravjeto-i-teloto-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg