Теретана - извор на бактерии!

teretana-izvor-na-bakterii-povekjeНе доаѓа се само од вашата глава. Бактериите сакаат топли места. Лоша вест е дека теретаните се идеални за развојот на овие микроорганизми. Но, добра...

 

...вест е дека може да ги избегнете.

teretana-izvor-na-bakterii

Пред да се одлучите да станете член на некој фитнес центар, разгледајте ги просториите и гардеробите, за да се уверите дека станува збор за чисто место кое редовно се одржува.

Освен што треба да се чисти редовно, теретаната треба да има и добра вентилација, затоа што така се намалуваат можностите за зараза. Шкафчињата за гардероба и туш кабините исто така се значаен дел од чиста теретана.

После напорен тренинг, тушот е неизбежен, но никако не влегувајте во заедничките туш кабини боси. Ова е идеално место за развој на бактерии. Носете си апостолки или истуширајте се дома.

Немојте да го делите сапунот или дезодорансот во стик, дури и ако сте заборавиле да понесете.

Ако на телото имате ситни ранички, пред тренинг прекријте ги со фластер за да спречите контакт со предметите наоколу.

Пред да почнете да работите на справа, рачките исчистете ги со течност за дезинфекција или марамчиња. Непишано правило е истото да го направите и откако ќе завршите со вежбање.

При пресоблекување во гардеробата избегнете контакт на голо тело со клупите. Ако морате да седнете, ставете пешкир под вас.

При вежбање, немојте да се бришете со ракавите. Понесете си чист пешкир. Ако после тренинг немате време да се истуширате, задолжително измијте ги рацете и лицето.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...
Зошто не треба често да пиете аспирин на своја рака, без препорака од лекар? Многу (најчесто повозрасни) луѓе имаат навика да пијат аспирин на своја рака бид...
6 причини за утринска мачнина кои не се бременост Ниското ниво на шеќер во крвта, но и анксиозноста можат да предизвикаат утринска...
Симптоми на стомачен вирус, колку долго трае и кога да посетите доктор? Стомачниот вирус е често заболување кое предизвикува непријатни симптоми, како д...
Зошто докторите најчесто препорачуваат терапии со инхалација + корисни работи што треба да ги знаете Во минатото, за инхалирање се користеше тенџере со топла вода, а понекогаш внатр...
Испукани капилари на лицето: Сѐ што треба да знаете и како да ги третирате Испуканите капилари на лицето не се ретка појава, но бидејќи не изгледаат најдоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg