Што е синдром на исцрпеност и кои се најчестите симптоми?

Емоционалната исцрпеност, но и честото одложување на обврските и задачите, се некои од главните знаци дека можеби страдате од синдром на исцрпеност. Кои се другите симптоми, но и како да се справите со оваа состојба?

shto-e-sindrom-na-iscrpenost-i-kako-da-se-spravite-so-simptomite-01.jpg

Синдромот на исцрпеност, на англиски познат како burnout syndrome, претставува состојба на потполна исцрпеност – ментална, физичка и емоционална. Во 2019 година, Светската здравствена организација ја прогласи оваа состојба за синдром, но во контекст на стрес кој произлегува од работното место.

Овој синдром не е исто што и обичниот замор. Тој претставува хронична состојба на стрес која иако најчесто се поврзува со работата, може да се појави поради кои било други активности во кои сте вклучени.

На овој синдром најмногу се изложени лицата кои се имаат стресни професии со долги работни часови и имаат голема одговорност, како грижата за други луѓе.

Некои фактори кои можат да придонесат за појава на синдромот се работните места со голем временски притисок за извршување на задачите, недостаток од добра комуникација и поддршка, токсична атмосфера, преголем обем на работа, неплатен труд, неправеден третман, незадоволство од работата, неидентификување со вредностите на работното место.

Исто така, и некои лични карактеристики можат да влијаат: склоност кон песимизам, перфекционизам и превисоки очекувања од себе, со што се нанесува дополнителен притисок.

hronichno-ste-umorni-mozhebi-patite-od-sindrom-na-sogoruvanje-004.jpg

Кои се најчестите симптоми на синдром на исцрпеност?

Чувство на отуѓеност од работата и работното место

Работата веќе не причинува никакво задоволство, попрво би биле некаде на друго место.

Се јавува цинизам и чувство на оддалеченост, а задачите стануваат сè поголем извор на иритација, која подоцна може да се претвори во изливи на лутина.

Емоционална исцрпеност

Чувство како да ви е „полна чашата“ и секој нов проблем е само уште една капка во неа. Се јавува чувство на истрошеност и апатија, немање енергија за справување со ситуацијата.

Конфликтите со семејството и колегите стануваат почести.

hronichno-ste-umorni-mozhebi-patite-od-sindrom-na-sogoruvanje-003.jpg

Одложување на обврските и задачите

Хроничниот стрес ги намалува способноста за концентрација и продуктивноста.

Се јавуваат потешкотии во извршувањето на задачите, па се јавува одложување и нивно трупање, што доведува до уште повеќе стрес.

Физички симптоми

Синдромот на исцрпеност може да резултира со главоболки, хроничен замор без разлика колку време сте спиеле, болки во стомакот, проблеми со варење на храната, недостаток од кислород, неправилно чукање на срцето, губење апетит и намалување на имунитетот.

hronichno-ste-umorni-mozhebi-patite-od-sindrom-na-sogoruvanje-002.jpg

Како да се справите со синдромот на исцрпеност?

Доколку забележите некои од овие појави, не ги игнорирајте. Доколку состојбата на постојан стрес се случува подолго време, таа може негативно да влијае врз расположението и функциите на мозокот и да доведе до сериозни последици за здравјето, како срцеви заболувања.

Треба да се има предвид дека закрепнувањето од оваа состоба не се случува преку ноќ, туку е потребен континуитет на промени.

Неколку начини како да се заштитите се следниве:

1. Секој ден одвојувајте време кое ќе го посветите само на себе и на релаксација.

2. Основните потреби направете ги приоритет: здрава исхрана, доволно сон, редовна физичка активност и слично.

3. Направете листа на ситуации кои моментално ви предизвикуваат стрес. Покрај секоја напишете барем еден начин како може да го намалите стресот и применете го.

4. Доколку се соочувате со преголем обем на работа, побарајте помош или поделете ги обврските.

5. Научете да кажувате „не“. Додека се опоравувате, бидете свесни за тоа и не земајте дополнителни задачи.

hronichno-ste-umorni-mozhebi-patite-od-sindrom-na-sogoruvanje-005.jpg

6. Идентификувајте кога навистина причините за оваа состојба произлегуваат од вас, а кога од работното место на кое се наоѓате.

7. Технологијата сведете ја на неопходниот минимум.

8. Не ја носете работата дома. Слободното време нека биде резервирано за блиски лица и за активности што ви значат.

9. Доколку чувствувате дека не можете да се справите со товарот што го носите, побарајте професионална помош од психолог/психотерапевт и група за поддршка.

А. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Влакненца на брадата кај жените: Зошто се појавуваат и како да ги отстраните? Хормонална промена, генетика, полицистични јајници, дијабетес се само дел од при...
Кои третмани за коса треба да ги избегнувате ако страдате од мигрена, според доктор? Екстензиите за коса се еден од неколкуте третмани кои е најдобро да ги избегнува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg