Вежби против целулит

vezbi-protiv-celulit-povekjeДа, и најслабите имаат целулит, но оние кои вежбаат имаат помалку. Потребно е да одберете желби кои ќе ви ја подобрат циркулацијата во организмот...

 

...ќе го забрзаат метаболизмот и ќе овозможат согорување на вишокот маснотии.

Меѓу најдобрите желби за согорување на целулитот се брзото одење, трчање и пливање. Најчесто се појавува како резултат на лоша циркулација, а овие три начини се најдобри за поттикнување на циркулацијата.

Постојат уште неколку аеробни вежби кои помагаат:

vezbi-protiv-celulit

1. Чучњеви. При правење на чучњеви колената не смеат да ги преминуваат ножните прсти, грбот и главата мора да бидат исправени. Кога ги правите, притисокот треба да го чувствувате на петите. Нозете нека ви бидат паралелни во ширина на колковите.

2. Чучњеви со расчекор. Кога ја правите оваа вежба, освен што мора да имате контрола над рамнотежата, морате да внимавате коленото на ногата која ви е напред да не ги преминува ножните прсти. Расчекорот нека биде голем така што предната нога во најдолната позиција да биде под прав агол, а задната нека биде далеку одзади.

3. Магарешки удар. Можеби звучи смешно, но нема да ви е до смеење кога ќе ја започнете оваа вежба. Клекнете на сите четири. Дигнете ја едната нога свиткана во коленото под прав агол и така дигајте и спуштајте за да ги затегнете мускулите на задникот. Нозете цело време треба да се под прав агол.

4. Подигнувајте ги нозете на пилатес топка. Седнете на топка за пилатес и исправете го грбот, рацете ставете ги на колковите или од страна на топката за подобра рамнотежа. Полека почнете да ја дигате едната нога се додека не ја исправите. Прстите цело време треба да се затегнати нагоре. Правете ја оваа вежба полека, секое движење нека биде нагласено. Повторувајте ја повеќе пати.

5. Затегнување на колковите. Легнете на грб свиткани во колената и рацете на страна од телото. Едното стапало префрлете го преку коленото на другата нога. Долниот дел од грбот израмнете го со подот, притиснете ги стомачните мускули и дигнете ги колковите високо, така што абдоменот ќе ви се израмни со нозете. Држете се во горната положба околу 5 секунди, добро затегнете ги сите мускули и полека спуштајте. Не го виткајте грбот кога сте во горната положба.

Би можело да ве интересира:

Слабо менструално крвавење: Кои се најчестите причини и дали е знак за проблем? Психолошкиот стрес може да влијае на делот од мозокот кој е одговорен за регулир...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Зошто растат влакна на бенките и дали е опасно да ги отстраните? Како на другите делови од телото, влакната се нормална појава и на бенките. Тие ...
11 рани знаци за деменција (кои може да ви бидат сигнал за црвена тревога) Тешкотии при избирање зборови, летаргија, како и сериозни проблеми со концентрац...
Која е разликата помеѓу испукани капилари и проширени вени и дали се опасни? Иако изгледаат слично, испуканите капилари и проширените вени се различни појави...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg