5 работи што гинеколозите сакаат да ги знаете

Не им е важно дали имате влакна, вагиналниот исцедок е нормален и многу е важно каков лубрикант користите за време на секс.

5-raboti-shto-ginekolozite-sakaat-da-gi-znaete-001.jpg

Секоја жена знае дека таму доле може да се случи сè. Сепак, многу жени сè уште се чувствуваат непријатно да побараат помош кога имаат некој проблем.

Според неколку истражувања, поголемиот дел од жените повеќе би сакале да бараат решенија на „Д-р Гугл“, отколку да разговараат со квалификуван медицински професионалец.

Но, за жал, тоа може да доведе до конфузија, дезинформации и неточна самодијагноза.

Затоа решивме да ви споделиме неколку работи кои гинеколозите сакаат да ги знаете. Се надеваме и дека веднаш ќе си закажете преглед, без разлика дали имате проблем или не.

Не им е важно дали сте депилирани

Заборавете на планирањето на вашата депилација ден пред прегледот на гинеколог.

Нивниот фокус не е на тоа дали вашите нозе се мазни или дали имате влакна на интимната област. Тие не го забележуваат тоа.

5-raboti-shto-ginekolozite-sakaat-da-gi-znaete-02.jpg

Вашиот избор на лубрикант е важен

Без разлика дали сакате поголемо навлажнување поради задоволство или поради проблеми како сувост на вагината, проверете од што е направен вашиот лубрикант пред да го користите.

Некои гинеколози советуваат дека лубрикантите на база на вода се најдобри. Ова значи дека вашиот лубрикант треба да биде без додаден вкус, парфем, алкохол или глицерин.

Лубрикантите на база на масло можат да предизвикаат дефекти на кондомите, додека парфемот и алкохолот можат да ги иритираат ткивата.

Ако не сте сигурни кој лубрикант е најдобар за вас, консултацијата со гинеколог ќе ви биде од голема помош.

5-raboti-shto-ginekolozite-sakaat-da-gi-znaete-03.jpg

Сосема е нормално да имате вагинален исцедок

Вагиналниот исцедок значи дека вашата вагина е здрава и чиста, но само доколку нема непријатен мирис и изгледа нормално.

Типот на вагинален исцедок може да варира во зависност од тоа каде сте во менструалниот циклус - некогаш да биде погуст, а некогаш поредок.

Меѓутоа, ако има зелена или жолта боја, ако има непријатен мирис, но и ако чувствувате болка за време на секс и/или мокрење, тогаш консултирајте се со вашиот гинеколог за да бидете сигурни дека немате инфекција.

5-raboti-shto-ginekolozite-sakaat-da-gi-znaete-04.jpg

Вашиот тампон не може да се изгуби внатре

Ако го сместите тампонот во горниот дел од вагината во близина на грлото на матката, тогаш тоа го отежнува отстранувањето.

Во тој момент дишете длабоко, опуштете се и обидете се повторно. Ако не можете да го направите тоа сами, побарајте помош од вашиот гинеколог, но не паничете. Нема да се изгуби таму внатре. 

Некогаш се случува и да не можете да го најдете конецот за вадење - и во овој случај вашиот гинеколог може да ви помогне. 

5-raboti-shto-ginekolozite-sakaat-da-gi-znaete-05.jpg

Треба да се проверат многу обилните и болни менструации

Иако многу жени имаат грчеви, разговарајте со вашиот лекар ако менструацијата ви е многу обилна или болна (или и двете) и ги попречува вашите секојдневни активности.

Синдромот на полицистични јајници, ендометриозата, полипите на матката и бројни други проблеми можат да предизвикаат обилни и/или болни менструации, па препорачливо е да се прегледате.

5-raboti-shto-ginekolozite-sakaat-da-gi-znaete-06.jpg

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg