„Едно пеколно лето, во 1992 година, Ѓорѓи Колозов престојувал во својата викендичка во селото Велестово, со двор со поглед кон Охрид и целото езеро. Недалеку од викендичката на Ѓорѓи и Шенка, група млади луѓе, возејќи се со автомобил, се превртеле на еден од стрмните патишта. Ѓорѓи го видел несреќниот настан и без двоумење истрчал да им помогне...“, започнува приказната што и денес се раскажува во Велестово и Охрид, со насмевка и восхит кон човекот чиј дух и во најтешките мигови знаел да внесе топлина, хумор и човечност, нашиот непреболен Ѓорѓи Колозов.