7 животни мудрости кои ги научивме од возрасните па ги применуваме и денес, низ илустрации
Пред 30 години домаќинките ги полнеа фрижидерите со смрзната храна, а полиците со конзервирана храна што ја подготвуваа самите за зима. Овие навики ни денес не се многу различни.

Не велат за џабе дека од постарите имаме што да научиме - проживеале многу, поминале низ различни ситуации и добри и лоши, учеле од туѓите грешки, но и од своите, па своето искуство сакаат да го пренесат и на помладите.
А нивните животни лекции и мудри совети може да се применат и во домот - порано можеби ни изгледаа смешно, но со текот на времето сфаќаме дека има вистина (скоро) во сè она што го кажуваат.
Што можеме да научиме од повозрасните и кои нивни животни мудрости можеме да ги примениме во домот?
Порано компирите се купуваа „на вреќи“, зејтинот и шеќерот во пакети... А и денес многу често се случува да направиме „залиха“ дома од омилената храна за да „не ја снема“.

Пред 30 години домаќинките ги полнеа фрижидерите со смрзната храна, а полиците со конзервирана храна што ја подготвуваа самите за зима. Ни денес ова не е многу различно.

Во многу кујни во минатото на маса стоеше тегла со превриена вода што полека се лади пред да се пие. И денес во многу кујни има бокал со вода, но тој самиот ја филтрира водата.

Многумина уште во детството научија дека некои работи може да се употребат барем двапати пред да се фрлат.

И не само работи, туку и употребената вода.

Исто како нашите мајки и баби, многумина и денес не пуштаат машина „на секое“, туку перат по нешто и на рака.

Се сеќавате на теглите со комбуха што скоро сите ги чуваа дома? Ова е тренд и денес.

А. Ј. | Црнобело