Лина Ѓорческа испиша историја во македонскиот тенис, но загуби во првото коло на Вимблдон
- Детали
- вторник, 30 јуни 2026
Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска го играше најважниот натпревар во нејзината кариера - прв настап на еден Гренд слем, и тоа на терените на Вимблдон, а и покрај поразот доби огромна поддршка од цела земја.

Со овој настап таа испиша историја во домашниот тенис, како прва Македонка што играла на еден Гренд слем (иако низ годините многупати играше квалификации, но никогаш не дојде до главната фаза).

Лина денес играше против шестата најдобра тенисерка во светот, Аманда Анисимова, која, пак, лани беше финалистка на овој турнир.

Анисимова сервираше прва и поведе 1:0 во гемови, по што нашата Лина изедначи на 1:1, но до крај го загуби сетот со 6:3.

Вториот сет почна со гем на Лина, која поведе 1:0, а Ѓорческа спаси и една меч топка на свој сервис.

Но американската тенисерка играше супериорно, па сетот заврши со резултат 6:2.

Натпреварот траеше еден час, а Лина ја доби целата поддршка на јавноста, и покрај поразот е нашиот спортски херој!
А. Ј. | Црнобело