Жените „полудеа“ по згодниот голман на Нигерија - Што знаеме за Мадука Окоје?

Иако мами воздишки со изгледот, неговата професионална кариера е полна со контроверзии, а има и исклучително бурен приватен живот - обвинувања за физичко насилство, неверства и вонбрачен син. Кој е голманот кој привлекува повеќе внимание од сите голмани што бранат на Светко, а сепак, не настапува на првенството?

zhenite-poludea-po-zgodniot-golman-na-nigerija-shto-znaeme-za-maduka-okoje-01_1.jpg

Светското првенство во фудбал, што се игра во Северна Америка, на стадионите низ Мексико, Канада и САД, е во фокусот на спортските вљубеници. Но, во фокусот на жените е голманот на Нигерија кој со својата земја, сепак не настапува на Светско.

Тоа е Мадука Окоје (26), кој освен на нигериската фудбалска репрезентација е и голман на италијанскиот клуб Удинезе. А жените како да „полудеа“ по него.

zhenite-poludea-po-zgodniot-golman-na-nigerija-shto-znaeme-za-maduka-okoje-07.jpg

Во последните денови, интернетот е преполн со негови видеа, фотографии, мемиња... На 10 јуни 2026 година, за време на пријателски натпревар помеѓу Нигерија и Португалија, иако Нигерија загуби со 2-1, вистински победник на вечерта беше Окоје.

Во моментите пред почетокот на натпреварот, за време на претставувањето на тимот, телевизиската камера се задржа на неговото лице неколку секунди и тоа беше момент што го запали интернетот.

zhenite-poludea-po-zgodniot-golman-na-nigerija-shto-znaeme-za-maduka-okoje-11.jpg

Наскоро, социјалните мрежи, од ТикТок и Инстаграм, до Твитер, беа преплавени со снимки и фотографии од високиот голман.

Корисници од Бразил, САД, Португалија и остатокот од светот масовно споделуваа негови фотки и видеа, восхитувајќи се на неговиот впечатлив изглед, тетовирано тело и импресивна висина од 197 сантиметри.

Мадука Окоје стана глобална сензација преку ноќ.

Нигерискиот портал „Дејли пост“ потоа напиша дека Окоје дури и одбил ќерка на милијардер, која буквално „му се нудела“.

Роден е во Дизлдорф, Германија. Неговиот татко е од Нигерија, од народот Игбо и мајка му е со германско-француско потекло.

Откако неодамна на Инстаграм објави фотки без маичка, за само неколку дена доби преку 700.000 нови следбеници.

zhenite-poludea-po-zgodniot-golman-na-nigerija-shto-znaeme-za-maduka-okoje-03.jpg

Но, иако мами воздишки со изгледот, неговата професионална кариера е полна со контроверзии и исклучително бурен приватен живот што често се одвивал и пред очите на јавноста.

Неговиот професионален пат го одведе од Баер Леверкузен и вториот тим на Форчун до холандската Ередивизие, каде што беше прогласен за играч на сезоната 2020/21 во дресот на Спарта Ротердам, откако не прими гол на 10 од 28 натпревари.

Неговиот талент го препозна англискиот Вотфорд, но тој направи вистински чекор напред со преселбата во италијанската Серија А, каде што ги брани боите на Удинезе од август 2023 година.

zhenite-poludea-po-zgodniot-golman-na-nigerija-shto-znaeme-za-maduka-okoje-08.jpg

Но, во Италија неговата кариера наиде на сериозна пречка. Во март 2024 година, по натпреварот против Лацио, Окоје се најде под истрага од страна на обвинителството во Удине за сомнителни обложувања, откако обложувалница пријави невообичаена активност поврзана со жолтиот картон што го доби за одложување на натпреварот во 64-тата минута, додека неговиот тим водеше со 2-1.

Окоје се соочи со можна четиригодишна забрана за спортска измама, но по неколку недели истрага, тој беше ослободен од обвиненијата за местење натпревари бидејќи немаше конкретни докази што го поврзуваат со скандалот.

Но, Италијанската фудбалска федерација го суспендираше на два месеци во јули 2025 година за кршење на „стандардот за чесност“.

zhenite-poludea-po-zgodniot-golman-na-nigerija-shto-znaeme-za-maduka-okoje-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...

Најчитани неделава