Кораима Торес и Освалдо Риос заедно 34 години по снимањето на „Касандра“ - Емотивна средба на ѕвездите во Дубаи (видео)
Иако остарени, (Освалдо има 65, а Kорaима 53), тие и денес изгледаат одлично, а публиката што ги обожаваше нив и нивната љубовна приказна во „Касандра“, се разнежни гледајќи ги новите фотографии и видеа.

Актерите Кораима Торес и Освалдо Риос, кои ги глумеа Касандра и Игнасио во првата латиноамериканска сапуница емитувана кај нас, „Касандра“, 34 години по снимањето се сретнаа повторно.

Тие беа дел од третото издание на престижните награди Top Humanity Leaders Awards, во Дубаи, каде што и на двајцата им беа доделени специјални признанија.

Некогаш омилените телевизиски ликови, Касандра и Игнасио, имаа емотивна средба.

Иако остарени, (Освалдо има 65, а Kорaима 53), тие и денес изгледаат одлично, а публиката што ги обожаваше нив и нивната љубовна приказна во „Касандра“, се разнежни гледајќи ги новите фотографии и видеа.

За потсетување, „Касандра“ е венецуелска теленовела, која се прикажуваше во 1992/93 година.

Погледнете видеа од средбата на Кораима и Освалдо:
А. Ј. | Црнобело