Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка

„Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гласачите на Академијата, иако според сите предикции важеше за кандидат за Оскар.

prognozite-ne-se-ostvarija-siljan-ne-vleze-vo-top-15-filmovi-za-oskarovskata-trka-01.jpg

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука денес ја објави листата на потесен избор на филмови кои ја продолжуваат трката сè до последните финални номинации кои ќе се објават на 22 јануари 2026 година. “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гласачите на Академијата, иако според сите предикции важеше за кандидат за Оскар.

Среќна сум поради тоа што една македонска приказна одекна во светот, и поради поддршката што ја добиваме јас и филмот од целата нација. „Силјан“ станува значаен и гласен, а тоа е најдлабоката поента на едно филмско дело. - изјави Котевска.

Оваа година имаше убедливо најголема конкуренција за документарни филмови, категорија од 201 филм, каде освен пандемиската година кога имаше 238, период кога се дозволија и доста отстапки: рокот за пријавување се растегна од 12 на 14 месеци и се земаа предвид и филмови кои не беа прикажани во кино, оваа година беше најплодна година на документарниот филм. Денес се објавија и тесниот избор на филмови за најдобар странски филм, каде се квалификуваа вкупно 86, како и листата за најдобар анимиран филм, каде имаше конкуренција од вкупно 35 филмови.

da-glasame-site-za-siljan-na-tamara-kotevska-01.jpeg

Во линкот подолу е тесната листа на филмови кои остануваат во игра за конечниот избор на номинации за Оскар.

“Приказната за Силјан” на Тамара Котевска беше квалификуван во две категории: најдобар странски филм и најдобар документарец. Филмот го откупи National Geographic, и до сега доби голем број значајни и релевантни награди и номинации на фестивалот во Венеција, NYDOC, IDA, Spirit, PGA Award, Eye Cinema Audience Award и ред други. Македонската кампања за Оскари во категоријата најдобар странски филм е поддржана од страна на Агенцијата за филм на РСМ. Филмот продолжува да си го живее својот пат во кино салите.

Линк на филмови кои влегоа во shortlisted во трката за Оскари e TУКА.

Би можело да ве интересира:

Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот Леонардо ди Каприо беше прогласен за „крал на мемињата“. Тимоти Шаламе беше мета...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg