Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани
Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Квентин Тарантино – Inglorious Basterds и Django Unchained.

Номинацијата за Оскар е успех сама по себе, но бројни актери немаат освоено ниту една статуетка, иако биле номинирани и по неколкупати.
На пример, Леонардо ди Каприо беше номиниран петпати пред конечно да освои Оскар.
Од друга страна, постојат актери кои ја добивале златната статуетка секојпат кога биле номинирани.
Кои се седумте актери што можат да се пофалат со овој успех?
Кристоф Волц
Кристоф Волц двапати освои Оскар за споредна улога, и тоа во филови на Квентин Тарантино.
Во 2010 доби оскар за Inglorious Basterds, а во 2013-та за Django Unchained.
Махершала Али
И Махершала Али двапати има освоено Оскар за најдобра споредна улога.
Во 2017-та доби Оскар за Moonlight, а во 2019-та за Green Book.
Вивиен Леј
Вивиен Леј, пак, двапати има освоено Оскар за најдобра главна улога.
Првпат за улогата во Gone with the Wind од 1940-та, а вториот пат за улогата во A Streetcar Named Desire од 1952-ра.
Хилари Свонк
Хилари Свонк исто така може да се пофали со две статуетки за најдобра главна улога – една за Boys Don’t Cry од 2000-та и уште една за Million Dollar Baby од 2005-та.
Луис Рејнер
Луис Рајнер е првата актерка во историјата која освоила Оскар две години по ред.
Во 1937 доби Оскар за улогата во The Great Ziegfeld, а следната година за филмот The Blessed Land.
Истовремено, Луис почина на 104-годишна возраст, а ова ја прави најдолговечната добитничка на Оскар.
Хелен Хајес
Помеѓу двата Оскара на Хелен Хајес има дури 38 години.
Првата статуетка ја освои во 1932 за филмот The Sin of Madelon Claudet, а во 1971-ва за филмот Airport.
Кевин Спејси
Кевин Спејси има освоено Оскар во две категории.
Вo 1996 доби Оскар за најдобра споредна улога за The Usual Suspects.
Четири години подоцна, доби Оскар за најдобра главна улога за изведбата во American Beauty.
Спирова С. | Црнобело
