Штркот Силјан вечерва ќе слета на Менхетн – премиера на филмот на Тамара Котевска

Вечерва во легендарниот IFC Center во Њујорк ќе се одржи американската премиера на документарниот филм The Tale of Silyan на Тамара Котевска. Публиката на Менхетен ќе има можност да го доживее ова ремек дело од филм што веќе започна глобално да освојува, буди љубопитност кај критичарите, а раскажува една оригинална македонска приказна за штркот Силјан.

shtrkot-siljan-vecherva-kje-sleta-na-menhetn-premiera-na-filmot-na-tamara-kotevska.jpg

Веднаш по проекцијата ќе следи разговор со публиката на која ќе учествуваат Тамара Котевска (режисер и продуцент) и Jean Dakar (кинематографер и продуцент). Ова е можност американските гледачи одблиску да ја чујат приказната директно од авторите за создавањето на филмот и за неверојатниот однос меѓу човекот и штркот кој го инспирираше целиот проект.

Филмот ја започна својата светска авантура во Венеција, каде ја освои престижната награда Cinema & Arts Award на Venice Film Festival. Тоа беше првиот силен сигнал дека „Силјан“ ќе го освои вниманието на документарниот свет.

Следеа значајни награди и номинации од релевантни филмски фестивали: NY Doc, IDA (International Documentary Awards), Bergen, Cinema Eye Honors, Coronado Island Film Festival Калифорнија и ред други.

Но најголемиот доказ за вредноста на овој филм воопшто е откупувањето на правата од страна на National Geographic Documentary Films.

shtrkot-siljan-vecherva-kje-sleta-na-menhetn-premiera-na-filmot-na-tamara-kotevska-02.jpg

Овој филм е наш кандидат за Оскар за категоријата „најдобар странски филм”, а токму National Geographic го пријавува овој филм за трката за Оскар, во категоријата „најдобар документарен филм”.

Со самото пласирање во двојна оскаровска трка, повторно имаме шанса поради Тамара Котевска за двојна номинација за Оскар.

Вечерашната американска премиера во IFC Center е моментот кога филмот се среќава со американската публика, критичарите и фестивалските селектори.

Се очекува голем интерес и од македонската заедница во Њујорк, која го следи успешниот лет на Силјан.

Приказната за Силјан, човекот и штркот што создадоа нешто многу поголемо од случајна средба, вечерва го започнува својот најзначаен лет во САД.

Би можело да ве интересира:

Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg