Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверзии (уште пред премиерата)?
Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во книгата и филмовите е бел. Многумина, пак, велат дека ќе ја бојкотираат серијата поради ставовите на писателката Џ. К. Роулинг во врска со трансродовите лица.

Некои едвај ја чекаат новата адаптација на серијалот книги „Хари Потер“, но други сметаат дека целиот проект е огромна грешка и имаат само критики.
Мислењето на една група обожаватели веројатно никогаш не било поделено како во случајот со новата серија на HBO.
Снимањето на првата сезона е завршено и во тек е постпродукцијата, а до премиерата има уште шест месеци.
Но, уште пред да имаме можност да ја изгледаме, серијата Harry Potter се соочува со многу контроверзии и скандали.
Дел од најголемите во продолжение:
Контроверзиите со Џ. К. Роулинг
Поради своите ставови за трансродовите лица, многу фанови на серијалот се заколнаа дека ќе ја бојкотираат серијата, заедно со сè поврзано со популарната франшиза.
Познатата писателка се соочи со критики за нејзините изјави од многу ЛГБТ активисти, но и од актерите Даниел Редклиф и Ема Вотсон кои ги имаат главните улоги во филмскиот серијал.
Некои велат дека нејзините коментари се трансфобични, додека писателката изјави дека никогаш нема да им прости на Даниел и Ема што јавно ѝ се спротивставиле.
Со критики се соочија и некои актери од серијата, како Џон Литгоу кој го глуми Дамблдор.
Тој откри и дека добивал критики од негов пријател кој има трансродово дете.
Сепак, Џон Литгоу вели дека иако се чувствувал непријатно поради критиките, Џоан Роулинг немала скоро никаква улога во серијата и сметал дека не прави ништо погрешно.
Ник Фрост, актерот кој го глуми Хагрид во серијата, исто така се соочи со критики бидејќи ја прифатил улога.
За лошите коментари, тој само изјави:
„Таа (Џ. К. Роулинг) може да има свое мислење, а јас можам да имам мое – само што нашите мислења воопшто не се совпаѓаат“.
