10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026

Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of the Flies, или долгоочекуваната четврта сезона од хит-серијата From.

10-premieri-i-novi-sezoni-na-serii-do-krajot-na-leto-2026-01.jpg

Ако сериите ви е меѓу омиленото хоби, добрите вести за вас се дека до крајот на летото, нема да ви недостасуваат нови наслови за гледање.

Ќе има адаптации на неколку докажано добри приказни, но и нови сезони од серии кои се веќе хит.

10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026:

Сите трејлери се од првите сезони на сериите и немаат спојлери за дејството.

The Testaments

  • 8-ми април

The Testaments се емитува уште од почетокот на април, а серијата е снимена според истоимената книга од Маргарет Атвуд.

Дејството на серијата е поврзано со The Handmaid’s Tale, а главните ликови се нова генерација млади жени кои се заробени во опресивната држава која некогаш била САД.

From

  • 19-ти април

Долгоочекуваната четврта сезона на серијата From веќе се емитува и ја продолжува приказната од претходната сезона.

Главните ликови се група луѓе кои се заробени во мистериозен град.

Додека бараат начин да се вратат дома, мораат да се справат со злото што ги демне секоја вечер.

Lord of the Flies

  • 4-ти мај

Снимена според добропознатата книга на Вилијам Голдинг, Lord of the flies се фокусирана група деца кои се заробени на остров.

Без возрасни и оставени сами на себе, тие пробуваат да воспостават некаков ред за да преживеат

Но, наскоро си го покажуваат вистинското лице.

The Terror

  • 7-ми мај

The Terror е антологиска хорор-серија, каде секоја сезона е инспирирана од вистински морничав настан.

Дејството на новата сезона, насловена Devil in Silver, е сместено во психијатриска установа која крие морничави тајни, а во која можеби се наоѓа и самиот ѓавол.

Бидејќи сезоните не се поврзани, слободно можете да почнете и од последната.

Legends

  • 7-ми мај

Legends е нова Нетфликс серија, инспирирана од борбата против дрогата во Англија во 1990-тите.

Главните ликови се тајни агенти кои се инфилтрираат во најопасните картели со цел да ги разоткријат нивните лидери и да ги изведат пред лицето на правдата.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
10 серии кои се вистинско уживање во есен (дури и по 10-тото гледање) Charmed ако сакате нешто ретро, The Fall ако сте расположени за трилер или Wedne...
10 филмови од 2026 кои ги освоија симпатиите на публиката Project Hail Mary со Рајан Гослинг, Send Help со Рејчел Мекадамс, Wuthering Heig...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg