10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026
Unconditional
- 8-ми мај
И Unconditional е нова серија која веројатно ќе ви се допадне ако сакате трилери.
Главните ликови се мајка и ќерка чиј одмор се претвора во пекол, откако девојката е уапсена за шверц на дрога.
Додека мајката пробува да ја докаже нејзината невиност, се вплеткува во опасниот свет на криминалот.
Good Omens
- 13-ти мај
Овој мај ќе можеме да ја гледаме третата сезона од забавната серија, снимена според истоимената книга на Тери Прачет и Нил Гејман.
Главните ликови во серијата се демон и ангел кои мораат да соработуваат за да го спречат доаѓањето на антихристот.
Им помага и 11-годишно момче кое е несвесно за своето потекло, но и судбината што го чека.
The Four Seasons
- 28-ми мај
Со одлична актерска екипа што ја сочинуваат Тина Феј, Колман Доминго и Стив Карел, The Four Seasons е комедија за три брачни парови кои се блиски.
Но, нивното пријателство е ставено на тест кога еден од паровите се разведува.
Овој мај ќе почне да се прикажува втората сезона од серијата.
Cape Fear
- 5-ти јуни
Уште една серија со врвна актерска екипа која ги вклучува Хавиер Бардем и Ејми Адамс.
А, ако сте го гледале морничавиот филм од 1991-ва со Роберт Де Ниро, тогаш сте запознаени со приказната.
Дејството се фокусира на брачен пар кој се соочува со закана откако убиец од нивото минато излегува од затвор со желба да се одмазди.
Sweet Magnolias
- 11-ти јуни
Ако сте расположени за нешто полесно, со доза романса, тогаш изгледајте ја Sweet Magnolias.
Уште подобро е што серијата има веќе четири сезони, а овој јуни ќе почне да се прикажува и петтата.
Главните ликови се група пријатели од мал град, а дејството се фокусира на нивното секојдневие.
Спирова С. | Црнобело
