10 одлични серии со силни женски ликови
Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд, но и Big Little Lies која има одлична актерска екипа, како Никол Кидман и Рис Витерспун.

Во многу филмови и серии, женските ликови не се претставени најдобро. Па, вистинско освежување е кога ќе се види силен женски лик со кој жените и девојките можат да се поврзат.
Секако, некогаш се во прашање и негативци, но кои се толку добро напишани и одглумени, што потајно ги сакаме.
Изминативе неколку години излегоа многу серии со токму вакви ликови кои вреди да ги изгледате.
10 одлични серии со силни женски ликови:
The Handmaid’s Tale
Снимена според истоимената книга на Маргарет Атвуд, мрачната серија опишува свет во кој жените се потчинети и целосно обесправени.
Дејството е сместено во фиктивна верзија на Америка, каде жените кои се плодни се робинки, чија единствена цел е да раѓаат деца за богати и моќни семејства.
Главниот лик е Џун, робинка која пробува да избега од опресијата.
Big Little Lies
Со одлична актерска екипа која ги вклучува Никол Кидман, Рис Витерспун и Лора Дерн, Big Little Lies е драма која се фокусира на животот на неколку жени од ист град.
Иако се богати и со навидум совршен живот, секоја од нив се справува со свои сериозни проблеми.
Серијата почнува со убиство кое почнува да ги разоткрива нивните тајни.
Why Women Kill
Why Women Kill е мрачна антологиска комедија која се фокусира на неколку убиства извршени од жени.
Главните ликови се три жени, секоја од различен историски период, кои дознаваат дека нивните сопрузи се неверни.
Fleabag
Британска драма каде главниот лик е жена која пробува да продолжи со својот живот додека се справува со трагедија.
Иако сака да го остави минатото зад себе, таа упорно ја одбива помошта на сите кои пробуваат да ѝ помогнат.
Dead to Me
Главните ликови се две вдовици кои пробуваат да се справат со смртта на нивните сопрузи.
Се запознаваат во група за поддршка и иако тагуваат на потполно различни начини, токму поради овие разлики, многу се зближуваат.
