10 одлични серии со силни женски ликови
Killing Eve
Killing Eve е британска шпионска серија која ќе ви се допадне ако сте обожавател на трилери.
Главниот лик е детективка која пробува да фати жена убиец. Како што се развива приказната, двете жени како да стануваат опседнати една со друга.
How to Get Away with Murder
Главниот лик е адвокатка, која воедно е и професорка на престижен универзитет во Филаделфија.
Сосема случајно, таа се вплеткува во заговор за убиство, заедно од пет од нејзините студенти.
The Queen’s Gambit
Вреди да ја изгледате минисеријата која стана вистински хит, ако досега сте немале можност.
Дејството е сместено за време на Студената војна и се фокусира на девојка која е гениј за играње шах.
Додека се справува со зависност, таа си дава за цел да стане најдобриот шахист во светот.
Seven Seconds
Инспирирана од вистинска приказна, Seven Seconds раскажува за мајка која бара правда за својот син.
Тој е убиен во сообраќајка, од полицаец, а бидејќи е афроамериканец, во градот во кој се случува инцидентот се чувствува вистинска тензија.
Alias Grace
Уште една серија снимена според книга на Маргарет Атвуд.
Главниот лик е млада девојка од Ирска која се преселува во Канада.
Откако е обвинета за убиството на нејзиниот работодавец, завршува во затвор, но почнува да зборува и со психијатар кој пробува да ја открие вистината зад злоделото.
Спирова С. | Црнобело
