10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето
The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го одбележа детството на многумина.

Со премиерата на новото продолжение на The Naked Gun, повторно се прославуваат ретро комедиите кои со едноставни приказни и смешни, а некогаш и глупави шеги, навистина знаеја да нè расположат.
Покрај тоа, голем дел од овие филмови ги гледавме во детството, па за нас имаат некој посебен шарм.
10 ретро комедии на Нетфликс што ќе ве врата во минатото:
The Naked Gun
Првиот филм од популарниот серијал The Naked Gun неретко се нарекува една од најдобрите комедии на сите времиња.
Главниот лик е полицискиот потпоручник Франк Дребин кој треба да спречи обид за убиство на кралицата Елизабета Втора.
Со сериозниот израз на Лесли Нилсен, забавниот хумор и бизарните ситуации, The Naked Gun е филм што заслужено се смета за култен.
Ace Ventura: Pet Detective
Со Џим Кери во главната улога, Ace Ventura е комедија што секогаш ни враќа убави спомени.
Тој глуми приватен детектив кој е експерт за наоѓање изгубени животни. Во филмот, неговата мисија е да го истражи исчезнувањето на делфин кој е маскота на познат фудбалски тим.
The Truman Show
Уште една комедија со Џим Кери во главната улога, иако со малку мрачни примеси.
Главниот лик е Труман – маж чиј живот се снима од неговото раѓање и се емитува во форма на реално шоу.
Но, самиот Труман не е свесен дека е ријалити ѕвезда и дека сите луѓе во неговиот живот, вклучувајќи ја и сопругата, се актери.
Johnny English
Покрај Мистер Бин, Роуан Аткинсон оживеа уште еден култен лик – тајниот детектив Џони Инглиш.
Како вработен во MI7, тој сонува да стане најдобриот агент во агенцијата, но поради трапавоста и не многу високата интелигенција, прави повеќе штета отколку што е корисен.
Men in Black
За многумина, особено фановите на научнофантастични филмови Men in Black е една од најзабавните комедии.
Вил Смит глуми полицаец кој ѝ се приклучува на тајна организација одговорна за односите со вонземјаните на Земјата.
Со неговиот партнер, тој треба да најде важен предмет украден од вонземјанин.
