10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето
The Mask
И, уште еден филм со Џим Кери во главната улога.
Тој глуми е просечен банкарски работник кој наоѓа мистериозна маска создадена од нордискиот бог Локи.
И, кога ја става, се претвора во ексцентричен суперхерој за кого не важат правилата на реалноста.
Death at a Funeral
Главниот лик е Арон, маж кој пробува да го организира погребот на неговиот татко додека се справува со своето токсично семејство
Но, речиси ништо не оди по план – од мртовечница му испраќаат погрешно тело, почнуваат низа семејни конфликти, а се откриваат и неколку тајни што менуваат многу работи.
Mr. Bean’s Holiday
Долгометражни филм со Мистер Бин секако дека ќе ви биде уживање ако ја сакате серијата.
Мистер Бин одлучува да оди на одмор, во Кан. Но, некако успева да раздели мало дете од неговиот татко, па тргнува на мисија да ги обедини.
Mean Girls
Веројатно омилениот филм на сите девојки од генерацијата милениумци.
Главниот лик е Кеди, девојка која почнува да оди во ново училиште, откако целиот живот го поминала во Африка.
Пробувајќи да ја разбере хиерархијата на средношколците, станува дел од друштвото на најпопуларните девојки во училиштето.
Knight and Day
Со Камерон Диаз и Том Круз во главните улоги, Knight and Day е забавна акциона комедија.
Камерон Диаз ја гледаме во улогата на млада жена која запознава шпион кој пробува да си ја спаси репутацијата.
Сосема случајно се вплеткува во неговите авантури, но почнува и да се вљубува во него.
Спирова С. | Црнобело
