10 (морничави) филмови за мистериозни тајни друштва и култови
Некои веруваат дека последниот филм на Стенли Кјубрик, Eyes Wide Shut, е снимен според вистинско тајно друштво, а го поврзуваат и со случајот со Епстин. Уште поморничаво е што режисерот ненадејно почина неколку месеци пред премиерата.

Тајните друштва и култовите се тема што за повеќето e секогаш интригантна.
Мистеријата што ги опкружува ваквите приказни ве тера да продолжите со гледање, читање или истражување бидејќи неретко ни самите не знаете што да очекувате.
Ако сте расположени за ваква мистерија, сигурно ќе ви се допадне нешто од нашите предлози.
10 морничави филмови за тајни друштва и култови:
Eyes Wide Shut
Eyes Wide Shut се смета за ремек-дело на Стенли Кјубрик, а во главните улоги ги гледаме Том Круз и Никол Кидман.
Главниот лик е доктор кој станува дел од мистериозно тајно друштво кое делува како секс култ.
Но, набрзо сфаќа дека не може да излезе така лесно.
The Ninth Gate
Со Џони Деп во главната улога, дејството на The Ninth Gate раскажува за продавач на ретки книги.
Откако е најмен да ги најде последните две копии од книга во која има упатство за комуницирање со ѓаволот, се вплеткува во свет што претходно не верувал дека постои.
Midsommar
Midsommar беше меѓу најпопуларните филмови во 2019 година, и тоа со добра причина.
Главните ликови се група пријатели кои одат во Шведска за време на летен фестивал кој се одржува еднаш на секои 90 години.
Но, она што почнува како идилично патување, се претвора во вистински хорор.
The Game
Во режија на Дејвид Финчер, The Game се фокусира на богат банкар кој добива чуден подарок од брат му – можност да стане дел од игра која наводно ќе му го промени животот.
Откако веќе не може да прави разлика помеѓу реалноста и играта, банкарот почнува да открива голем заговор.
Angel Heart
Со Роберт Де Ниро, Мики Рурк и Лиса Боне во главните улоги, Angel Heart ја раскажува приказната за приватен детектив кој треба да истражи мистериозно исчезнување.
Истрагата го носи во Њу Орлеанс, каде што се соочува со низа брутални убиства.
