10 летни хорор филмови кои ќе ве „смрзнат“ од страв

Midsommar кој многумина го нарекуваат најдобриот хорор-филм или I Know What You Did Last Summer кој неодамна си доби и римејк.

10-letni-horor-filmovi-koi-kje-ve-smrznat-od-strav01.jpg

За многумина, хорор филмовите се идеални за постудените месеци, особено околу Ноќта на вештерките.

Но, постојат бројни хорор филмови чие дејство е сместено во лето, па ова ги прави идеални ако сакате да „смрзнете“ од страв кога времето е жешко.

Десет летни хорор филмови кои сигурно ќе ве исплашат:

Midsommar

Млад пар од САД оди на одмор во Шведска, каде што сакат да го искусат фестивалот „мидсомар“ кој се слави среде лето.

Но, она што почнува како безгрижен одмор, брзо се претвора во вистинска голгота за главните ликови.

It (прв и втор дел)

Снимени според истоимената книга на Стивен Кинг, филмовите It и It Chapter Two се фокусираат на група пријатели кои во детството се соочиле со злобен демон.

30 години подоцна, кога повеќето од нив не ни веруваат дека искуството со демонот било реално, мораат повторно да се врата во родниот град за да го запрат.

Us

Главните ликови во морничавиот психолошки хорор се двајца родители и нивните деца кои одат на одмор во куќа покрај плажа.

Една ноќ, во куќата провалуваат група луѓе и семејство набрзо сфаќа дека напаѓачите изгледаат потполно исто како нив.

I Know What You Did Last Summer

Група пријатели не сакајќи усмртуваат маж со автомобил и одлучуваат да се ослободат од неговото тело. Но, следната година почнува да ги демне убиец кој им кажува дека „знае што направиле минатото лето“.

Оригиналниот филм е од 1997-ма, но можете да го изгледате римејкот кој излезе летово.

Friday the 13th

Ако сте расположени за маратон, Friday the 13th е цел серијал, но во ред ако го изгледате и само првиот дел

Главните ликови се група кампери кои сакаат повторно да активираат напуштен летен камп. Тие ги игнорираат предупредувањата за мрачното минато на кампот, по што почнува да ги демне мистериозен и немилосрден убиец.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
10 филмови од 2026 кои ги освоија симпатиите на публиката Project Hail Mary со Рајан Гослинг, Send Help со Рејчел Мекадамс, Wuthering Heig...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg