10 летни хорор филмови кои ќе ве „смрзнат“ од страв

Summer of 84

Група тинејџери почнуваат да се сомневаат дека нивниот сосед, кој е полицаец, е воедно и сериски убиец.

Одлучуваат да го поминат летото собирајќи докази против него, несвесно изложувајќи се на голема опасност.

The Others

Со Никол Кидман во главната улога, The Others е еден од поуникатните хорор филмови.

Грејс е самохрана мајка која со своите две деца се вселува во нова куќа. По низа чудни настани, таа почнува да се сомнева дека куќата е опседната.

Scary Stories to Tell in the Dark

Кон крајот на летниот распуст, група тинејџери влегуваат во напуштена куќа каде што наоѓаат мистериозна книга во која се чини дека страшните приказни се испишуваат сами.

Но, секоја приказна се однесува на некое од децата, а чудовиштата стануваат реалност.

The Endless

Главните ликови се двајца браќа кои пред неколку години успеале да избегаат од култ.

Откако добиваат мистериозна видеокасета, одлучуваат да се вратат во култот и да најдат одговори на прашањата што ги мачат.

Sleepaway camp

Тинејџерка и нејзиниот братучед се испратени во камп за време на летниот распуст.

Но, набрзо откако пристигнуваат, другите кампери и вработените во кампот почнуваат да умираат на мистериозен и насилен начин.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
10 филмови од 2026 кои ги освоија симпатиите на публиката Project Hail Mary со Рајан Гослинг, Send Help со Рејчел Мекадамс, Wuthering Heig...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg