10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот
Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни трилери со сосема неочекувани пресврти.

Постои причина зошто крими мистериите се меѓу најпознатите филмски жанрови.
Неретко нè тераат да размислуваме како детектив, па самите пробуваме да откриеме кој е убиецот додека нетрпеливо го чекаме крајот.
Ако сте расположени за ваква разонода, сигурно ќе ви се допадне нешто од нашите предлози:
Death on the Nile
Штом е снимен според книга на Агата Кристи, можете да бидете сигурни дека филмот ќе биде забавен за гледање.
Дејството е сместено на луксузен брод кој плови по Нил, но набрзо одморот на богаташите, вклучувајќи го и легендарниот Херкул Поаро, се претвора во истрага за убиство.
The Girl with the Dragon Tattoo
Снимен според истоимената книга на Стиг Ларсон, The Girl with the Dragon Tattoo е трилер кој на моменти е мрачен, но нема да сакате да престанете да го гледате.
Главниот лик е новинар кој со помошта на млада хакерка пробува да ја реши мистеријата за исчезнувањето на жена од богато семејство од пред четири децении.
The Gift
The Gift е мистерија со примеси на хорор која до самиот крај нема да ви ја открие целата вистина.
Главните ликови се пар кој случајно среќаваат стар познаник. Но, одеднаш тој почнува да им доаѓа на гости, ненајавено, и да им носи мистериозни подароци.
Murder Mystery
Ако сакате нешто полесно, тогаш уживајте во Murder Mystery со Адам Сендлер и Џенифер Анистон во главните улоги.
Главните ликови се маж и жена кои додека се на одмор, се вплеткуваат во убиството на милијардер. За да ја докажат својата невиност, пробуваат да го откријат вистинскиот убиец.
Game Night
Уште една полесна мистерија, овој пат со Џејсон Бејтман и Рејчел Мекадамс во главните улоги.
Главниот лик е брачен пар кој организира дружба со друштвена игра со нивни блиски пријатели. Но, вечерта почнува да се движи во сосема неочекувана насока.
